Волонтирање

Водно-Матка Треилс не е само трка - тоа е заедничко искуство кое го создаваме заедно. Секоја година, нашиот настан е можен благодарение на посветеноста на преку 50 волонтери кои го сочинуваат срцето на нашата организација. Без разлика дали си искусен планински тркач, ентузијаст во природата, или едноставно сакаш да бидеш дел од нешто посебно, имаме место за тебе во нашиот тим.
ПРИЈАВИ СЕ

Искуство од прва линија

Биди дел од тркачката магија и гледај ги најдобрите моменти од најблиску.

Заедница и дружба

Запознај нови луѓе, сподели енергија и почувствувај вистински тимски дух.

Придонес за природата

Помогни да создадеме одржлив, безотпаден спортски настан што инспирира.
Логистика и превоз
Логистика и подготовка на терен е идеална можност за оние кои сакаат да го доживеат настанот од позадина. Во петок, сабота и недела во периодот пред трката, нашиот логистички тим го подготвува теренот - разнесува и собира опрема, вода и храна по контролните точки на Водно и Матка. Ова е физички активна улога која ти овозможува да ги истражиш населените места, да дишеш свеж воздух, и да бидеш дел од тимот што го прави настанот можен.

Местење опрема на старт и цел
Местење на старт-финиш е брза но енергична волонтерска можност за сабота, каде волонтери физички се ангажирани во поставување на инфраструктурата за стартната и финиш линијата. Ако сакаш да помогнеш но не можеш да посветиш многу време, ова е совршената опција - неколку часа на тимска работа и гледаш како настанот се формира пред твоите очи.
Старт-цел за време на трката
СТАРТ-ЦЕЛ општа работа бара посветеност во недела, каде 6 волонтери статично работат на најживата локација - старт-финиш во комплексот Македонско Село. Тука ќе бидеш дел од управувањето со учесниците, раздавање на стартни пакети, координација на активностите, прогласување на победниците, раздавање на медали и создавање на тој незаборавен амбиент кој ги пречекува и испраќа сите тркачи.
Насочувачи на терен
Насочувачи на терен се динамичната позиција која бара 15 волонтери низ целата трка. Ќе бидеш поставен на клучни раскрсници и делови од патеките каде што тркачите треба да бидат насочени во вистинската насока. Ова е одлична можност да ги охрабруваш учесниците, да бидеш директно вклучен во нивното искуство, и да уживаш во природата во исто време.
Освежителни станици
Освежителни станици се можеби најважната волонтерска улога - 20 волонтери посветени во недела кои статично работат на контролните точки низ целиот курс. Овде ги пречекуваш тркачите, им обезбедуваш вода, храна, морална поддршка. Оваа улога бара енергија, позитивност и љубов кон луѓето - ти си ангелот кој може да го направи или скрши денот за некој тркач.
Маркирање и демаркирање
Маркирање на патеките се специјализирани тимови кои работат во сабота и недела на денот на трката - 10 волонтери во сабота за маркирање (4-6 часа). Овие тимови го поставуваат правилното означување на маршрутите со ленти, знаци и ознаки, а потоа ги отстрануваат низ целата планина по завршувањето. Ако сакаш да го познаваш теренот до детали и да бидеш одговорен за безбедноста на учесниците, ова е улогата за тебе.
Демаркирањето го вршат 8 волонтери поделени во тимови во недела и тоа веднаш позади последниот учесник т.н. метли на трката. Ги собираат маркациите и случајно паднато ѓубренце, и како последни на теренот се грижат никој од учесниците да не заостанува и да му помогнат секому во неволја.
Собирање опрема од старт-цел
Собирање на опрема пред старт-финиш во недела од 19ч е последната волонтерска активност која бара 4 волонтери за физичка работа по завршувањето на настанот. Заедно со тимот, ја собираш целата инфраструктура, ги празниш локациите и се грижиш теренот да остане чист и непроменет. Ова е кратка, но важна улога која го заокружува настанот.
Незаборавни искуства
Како волонтер на Водно-Матка Треилс, добиваш многу повеќе отколку што даваш. Сите волонтери добиваат ексклузивна волонтерска облека, храна и пијалаци за време на нивната смена, можност да бидат дел од тимот кој создава магија, попуст на котизација за наредната година, и најважно - незаборавни искуства и нови пријателства. Придружи се на нашиот волонтерски тим и стани дел од Водно-Матка семејството! 
Разгледај ја мапава со маршрутите и важните точки на трките
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
th-listclosechevron-downgrouptreestreet-view linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram