Почетна 2018-11-29T09:00:36+00:00
31 МАРТ 2019 – Второ издание

Зачувај ја датата! Следното издание на Водно-Матка Треил Маратонот ќе се одржи на 31 Март 2019 година.
Форматот на трките  горе-доле ќе остане ист а снегот…кхмм…се надеваме има да го нема 🙂

Повеќе инфо и отворање регистрација набрзо! Ајде почни со тренинг!

ТРКИ

Детали наскоро!

Детали наскоро!

Прво издание 2018

Викендот на 25.03.2018 година градот Скопје, планината Водно и споменикот на природата Матка беа домаќини на првиот планински маратон „Водно-Матка Треил Маратон” во организација на здружението ТРЕКС и ПСД Макпетрол од Скопје. Иако временските услови и условите на патеката беа повеќе зимски отколку пролетни, тоа не ги спречи вкупно 315 учесници да се предизвикаат на фантастичната патека околу Водно и Матка и да уживаат во атмосферата на настанот.

Првата трка на 40 километри и 2800 метри вкупно искачување стартуваше во 8 часот наутро од месноста „Полиција” во населбата Водно и на истата стартуваа 85 учесници од 11 држави кои имаа исклучително тежок предизвик. Патеката минуваше низ Средно Водно, Марково Крувче, врвот Крстовар, целиот гребен на Водно до врвот Кале (Кота), потоа следи спуштање до Матка, искачување до Св. Недела, Св. Никола Шишевски, Горно Нерези за да финишираат на врвот Крстовар во планинарскиот дом „Даре Џамбаз”.

Најбрзи на стазата во машка конкуренција беа Александар Стојкоски од Македонија со фантастично време од 4:47:53, втор беше Дејан Тодевски со време од 5:14:22, а трет заврши Александар Симјаноски со 5:33:43.

Во женска конкуренција прва беше Мери Мирческа со време од 6:26:57, втора финишираше Веселка Великова од Бугарија со 6:38:01, а трета беше Сања Најдовски со 6:43:08.

За маратонската трка предвидени беа 10 часа за финиширање, а во лимитот не успеаа да влезат единствено 4 учесници што го прави процентот на успешност голем со оглед на условите и тежината на патеката.

На полу маратонската дистанца стартуваа 226 учесници од 10 држави и истата трка имаше многу понеизвесен финиш. Најбрзи во машка конкуренција беа Александар Спасов од Бугарија за 2:13:28, со задоцнување од само 30 секунди беше нашиот Марјан Бонев со време од 2:14:07, а трет Александар Кирковски со време од 2:15:50.

Кај девојките прва беше Ирене ван Ас од Холандија со време од 3:10:14, втора беше нашата Ана Велкова 3:34:38, а на третото место заврши Дора Кузманова од Бугарија 3:37:06. На оваа трка финишираа 222 луѓе.

Иако временските прилики во деновите кои претходеа и за време на трката не беа сјајни, сепак тоа не претставуваше поголем проблем трката да се организира на професионално ниво и не ги спречи луѓето да се вклучат во една поинаква и интересна авантура, да се предизвикаат себеси, да бидат активни и да уживаат во прекрасната природа. На настанот, покрај организацискиот тим, беа ангажирани околу 50 волонтери, а 20-тина луѓе ја обезбедија трката од медицински и планинско-спасувачки аспект.

Идејата на организаторот е настанот да прерасне во еден од водечките спортски планински настани кои имаат за цел да ги шират позитивните етички и морални вредности кои треба да се почитуваат во планина како фер-плејот, солидарноста, почитта кон другите и природата и еднаквоста.

Автор: Игор Јовановски karas4training

VMTM 40K Official results 2018
VMTM 23K Official results 2018

000-017   000-080   000-089   000-104   000-105   000-106   070-461   100-101   100-105  , 100-105  , 101   101-400   102-400   1V0-601   1Y0-201   1Z0-051   1Z0-060   1Z0-061   1Z0-144   1z0-434   1Z0-803   1Z0-804   1z0-808   200-101   200-120   200-125  , 200-125  , 200-310   200-355   210-060   210-065   210-260   220-801   220-802   220-901   220-902   2V0-620   2V0-621   2V0-621D   300-070   300-075   300-101   300-115   300-135   3002   300-206   300-208   300-209   300-320   350-001   350-018   350-029   350-030   350-050   350-060   350-080   352-001   400-051   400-101   400-201   500-260   640-692   640-911   640-916   642-732   642-999   700-501   70-177   70-178   70-243   70-246   70-270   70-346   70-347   70-410   70-411   70-412   70-413   70-417   70-461   70-462   70-463   70-480   70-483   70-486   70-487   70-488   70-532   70-533   70-534   70-980   74-678   810-403   9A0-385   9L0-012   9L0-066   ADM-201   AWS-SYSOPS   C_TFIN52_66   c2010-652   c2010-657   CAP   CAS-002   CCA-500   CISM   CISSP   CRISC   EX200   EX300   HP0-S42   ICBB   ICGB   ITILFND   JK0-022   JN0-102   JN0-360   LX0-103   LX0-104   M70-101   MB2-704   MB2-707   MB5-705   MB6-703   N10-006   NS0-157   NSE4   OG0-091   OG0-093   PEGACPBA71V1   PMP   PR000041   SSCP   SY0-401   VCP550