ДАТА НА ТРКАТА 05 АПРИЛ 2026      :::      ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНO

ВМТ26 ТРКИ

Обезбеди го своето место на стартната линија и стани дел од трка што ја слави природата, заедништвото и издржливоста. Регистрацијата е брза и едноставна — започни ја авантурата уште денес.

УЛТРА 50К

Најпредизвикувачката дистанца на Водно-Матка — вистински испит на издржливост, психа и волја. Само за оние што сакаат да ги поместат своите граници.
ПОВЕЌЕ ЗА 50КПРИЈАВИ СЕ 50К

КЛАСИК 30К

Најбалансираната, но и најтактичката дистанца на Водно–Матка. Испит на издржливост и контрола на темпо, каде што секое искачување и спуст бараат внимание и будност.
ПОВЕЌЕ ЗА 30КПРИЈАВИ СЕ 30К

СПРИНТ 18К

Најбрзата и најдостапната дистанца на Водно–Матка. Доволно кратка за да ја завршиш со насмевка, но доволно предизвикувачка за да ја почувствуваш суштината на планинското трчање.
ПОВЕЌЕ ЗА 18КПРИЈАВИ СЕ 18К

КОТИЗАЦИЈА

Рана регистрација (првите # уплати):
• 50K: 3,400 ден. (првите 20)
• 30K: 2,450 ден. (првите 40)
• 18K: 1,850 ден. (првите 40)

Редовна регистрација (до 08.03.2026):
• 50K: 4,000 ден.
• 30K: 2,800 ден.
• 18K: 2,150 ден.

Доцна регистрација (09.03-29.03.2026):
• Исти цени како редовна
• БЕЗ подарок од трката

Регистрациите се затвораат на 29.03.2026 во 23:59 или порано поради исполнување на квотата за макс број на учесници.
Вклучено во котизација:
• Учество, електронски чип, ITRA/UTMB поени
• Подарок од трката
• Освежителни станици, волонтери, медицинска помош
• Топол оброк на цел, медал за финишери
• Дигитален сертификат, професионални фотографии
• Подароци од спонзори, дропбег, паркинг

Групни и специјални попусти
• Тим / спортски клуб (10+ тркачи): 10% попуст
• Подиум во генерален пласман од 2025 година: бесплатно
• Елитни тркачи (750 ITRA машки, 600 ITRA женски): бесплатно

РЕФУНДИРАЊЕ

Враќање на средства:
• До 08.03.2026: 100% (минус такса од 300 ден.)
• 09.03-29.03.2026: 50%
• По 30.03.2026: Нема рефундација

Трансфер на друга дистанца:
• Дозволено до 29.03.2026
• На пократка: без враќање разлика
• На подолга: доплата на разлика

Откажување заради повреда:
• До 08.03: 90% со лекарски извештај
• 09.03-29.03.2026: Случај по случај
• По 30.03.2026: Нема рефундација
Како да откажете регистрација и да побарате рефундација:
Испратете е-пошта на vodnomatka@gmail.com со*:
• Име и дистанца
• Датум на уплата
• Причина
• Лекарско (ако треба)

*Е-пошта со потврда се добива во рок од 7 дена, а рефундирањето се врши во рок од 14 дена од приемот на барањето.
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
closechevron-downbarspencil-square linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram