1. КАТЕГОРИИ НА ТРКИ И РАСТОЈАНИЈА
УЛТРА 50K
- Растојание: 52 km
- Висинска разлика: 3,014m D+
- Старт: 07:00 часот
- Временски лимит: 12 часа
- ITRA поени: 3
- Освежителни станици: 5
- Cut-off точки: 2
КЛАСИК 30K
- Растојание: 31.6 km
- Висинска разлика: 1,609m D+
- Старт: 08:00 часот
- Временски лимит: 7 часа
- ITRA поени: 2
- Освежителни станици: 5
СПРИНТ 18K
- Растојание: 18.7 km
- Висинска разлика: 973m D+
- Старт: 09:00 часот
- Временски лимит: 4 часа
- ITRA поени: 1
- Освежителни станици: 1
ДЕТСКИ ТРКИ
- 4-6 години: 100m (старт 10:00)
- 7-9 години: 400m (старт 10:15)
- 10-12 години: 800m (старт 10:30)
2. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА за СИТЕ растојанија:
- Стартно бројче (видливо на предниот дел од телото)
- Лична чашка минимум 15cl (трка без пластика!)
- Свирче за итни случаи
- Мобилен телефон ВКЛУЧЕН (не на авионски режим!)
Препорачана опрема* по растојание:
СПРИНТ 18K:
- Вода минимум 500ml (бидон/шише/меур)
- Алуминиумска фолија (1.4m x 2.0m)
- Самолеплив завој
- Облека според временска прогноза
- Патики за планинско трчање
КЛАСИК 30K:
- Вода минимум 500ml (бидон/шише/меур)
- Алуминиумска фолија (1.4m x 2.0m)
- Самолеплив завој
- Храна мин. 300 калории
- Облека според временска прогноза
- Патики за планинско трчање
УЛТРА 50K:
- Вода минимум 1L (бидон/шише/меур)
- Алуминиумска фолија (1.4m x 2.0m)
- Самолеплив завој
- Храна мин. 600 калории
- Челна ламба со резервни батерии
- Облека според временска прогноза
- Патики за планинско трчање
*Во случај на неповолна временска прогноза, организаторот го задржува правото да пропише задолжителна опрема, неопходна за безбедноста на тркачите.
3. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Минимални услови:
- Возраст: 18+ години (16-17 со родителска согласност)
- Медицинско уверение: Препорачано за сите а особено за 50+ години
- Препорачано искуство:
- 18K: Не е потребно
- 30K: Завршена најмалку една планинска трка
- 50K: 3 ITRA поени од трка или завршена 30-50K трка
Полуавтономно учество
- Тркачите учествуваат на свој ризик
- Тркачите мора да бидат автономни (самостојни) помеѓу освежителните станици
- Ментална и физичка подготвеност и самостојност при справување со променлив планински терен, предизвикувачки временски услови, замор и помали повреди
При регистрација е задолжително*:
- Име и презиме
- Датум на раѓање
- Држава
- Е-пошта и телефон
- Контакт за итни случаи (име и телефон)
- Медицински состојби и лекови (доколку има)
*Регистрацијата се смета за комплетна по успешна уплата на котизацијата
При подигнување на стартен број:
- Личен документ со фотографија
- Потврда за плаќање (е-пошта)
- Потпис на изјава за одговорност
4. ПРАВИЛА НА ТРКАТА
Итна дисквалификација за:
- Намерно скратување на патеката
- Користење транспорт (велосипед, мотор, возило)
- Навреди и закани кон други учесници, волонтери и медицински персонал
- Одбивање да се помогне на повреден тркач
- Непослушност при провека на опрема
- Утврдување нарушена здравствена состојба од медицински персонал
- Допинг
- Лажно пријавување идентитет т.е учество со туѓ стартен број
Временски казни:
- Фрлање ѓубре на патеката: 30-60 минути
- Исклучен телефон: 15 минути
- Недостаток на опрема: 15-30 минути
- Неовластена помош: 10-15 минути
- Опасно претекнување: 10-15 минути
Правила на патеката:
- СЕКОГАШ следете ја маркацијата од трката
- Останете на обележаната патека
- Носете го сиот отпад со себе до следната станица
- Почитувајте ги волонтерите, другите тркачи и природата
- Ако нема маркација во должина од 200м, вратете се назад
5. ОСВЕЖИТЕЛНИ СТАНИЦИ
Што е достапно:
- Вода, кола и електролити (носете си ВАША чашка!)
- Храна (детали на сајтот) само за консумирање на станицата
- Топли напитоци на одредени станици (при ладно време)
Надворешна асистенција:
- Дозволена: Само во радиус од 100m од станица
- Максимум: 1 помошник, 10 минути
- Забрането: Пејсери, медицинска помош, носење опрема на друг учесник
6. ВРЕМЕНСКИ ЛИМИТИ
Максимално време (cut-off):
- 18K: 4 часа
- 30K: 7 часа
- 50K: 12 часа
- Временски ограничувања на одредени освежителни станици (табели со времиња на сајтот)
ВАЖНО: Мора да се НАПУШТИ освежителната станица пред cut-off времето!
7. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТРКАТА
Ако морате да се откажете:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО:
- Јавете се на телефон на Организаторот (број на стартното бројче)
- Известете ги волонтерите на најблиската станица
- Останете на станицата до обезбедување организиран превоз
За итни случаи:
- При губење и слични проблеми: Јавете се на Организаторот (број на стартното бројче)
- При повреда и спасување: повикајте СОС број на стартното бројче
- Не си заминувајте од сред трка без известување на организаторот!
- Ненајавено откажување = пребарување и спасување на ВАШ трошок!
8. БЕЗБЕДНОСТ И ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
Трката се откажува* при:
- Температура на воздухот над 40°C
- Молња во радиус од 15km
- Виндчил со температура под -10°C
- Лош квалитет на воздух (AQI 151+)
- Виша сила
*При откажување на трката од страна на организаторот на повеќе од 15 дена пред почетокот на трката се исплаќа 20% рефундација. Нема рефундирање при откажување на трката од страна на организаторот на помалку од 15 дена до почетокот на трката.
Комуникација:
- СМС известувања за промени
- Следете ја веб-страницата и социјалните мрежи на трката
Маркирање
- Примарни маркери: бело-црвени ПВЦ ленти со логото, на десната страна на патеката
- Дополнителни маркери: магента знаци со насочувачки стрелки
- Дополнителни маркери: портокалови Х знаци со погрешен правец - врати се назад
- Ноќна видливост: рефлектирачки маркери за ноќни делови
- Засилено обележување на сите патеки на крстопати и точки на раздвојување
Интеграција на GPS и технологија:
- Официјални GPS-датотеки на вебсајтот на трката
- Задолжително да се носи мобилен телефон за итна комуникација
- Препорачано инсталирање мобилна апликација за навигација со офлајн карти
9. ЕКОЛОШКИ ПРАВИЛА
НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГ начела:
- БЕЗ фрлање ѓубре (казна 30-60 мин!)
- БЕЗ сечење свиоци
- БЕЗ вознемирување на животни
- Користете само маркирани патеки
- Носете си чашка за течности
10. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ПОДИУМИ
Категории (М/Ж):
- У25: 18-24 години
- Сениори: 25-39 години
- Мастерс 1: 40-49 години
- Мастерс 2: 50-59 години
- Ветерани: 60+
Подиуми (М/Ж):
- Генерален пласман: 1-3 место
- Категории: 1 место
11. КОТИЗАЦИЈА
Рана регистрација (првите # уплати):
- 50K: 3,400 ден. (првите 20)
- 30K: 2,450 ден. (првите 40)
- 18K: 1,850 ден. (првите 40)
Редовна регистрација (до 08.03.2026):
- 50K: 4,000 ден.
- 30K: 2,800 ден.
- 18K: 2,150 ден.
Доцна регистрација (09.03-29.03.2026):
- Исти цени како редовна
- БЕЗ подарок од трката
Регистрациите се затвораат на 29.03.2026 во 23:59 или порано поради исполнување на квотата за макс број на учесници.
Вклучено во котизација:
- Учество, електронски чип, ITRA/UTMB поени
- Подарок од трката
- Освежителни станици, волонтери, медицинска помош
- Топол оброк на цел, медал за финишери
- Дигитален сертификат, професионални фотографии
- Подароци од спонзори, дропбег, паркинг
Групни попусти и гратиси
- Тим / спортски клуб (10+ тркачи): 10% попуст
- Подиум во генерален пласман од 2025 година: бесплатно
- Елитни тркачи (750 ITRA машки, 600 ITRA женски): бесплатно
12. ОТКАЖУВАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ
Враќање на средства:
- До 08.03.2026: 100% (минус такса од 300 ден.)
- 09.03-29.03.2026: 50%
- По 30.03.2026: Нема рефундација
Трансфер на друга дистанца:
- Дозволено до 29.03.2026
- На пократка: без враќање разлика
- На подолга: доплата разлика
Откажување заради повреда:
- До 08.03: 90% со лекарски извештај
- 09.03-29.03.2026: Случај по случај
- По 30.03.2026: Нема рефундација
Како да откажете регистрација и да побарате рефундација:
Испратете е-пошта на vodnomatka@gmail.com со*:
- Име и дистанца
- Датум на уплата
- Причина
- Лекарско (ако има)
*Е-пошта со потврда се добива во рок од 7 дена, а рефундирањето се врши во рок од 14 дена од приемот на барањето.
13. КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка: 380178546100178 Про Кредит Банка, 270069272700140 Халк Банка
Единствен Матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
E-mail: info@trex.mk
Претседател: Жикица Ивановски
Одговорно лице (директор на трка): Дејан Крле
vodnomatka@gmail.com
www.vodnomatka.mk
ЗАПОМНЕТЕ:
- Безбедноста е приоритет #1
- Почитувајте ја природата
- Помогнете на другите тркачи
- Следете ги правилата
- Уживајте во авантурата!
Организаторот го задржува правото за промени на правилата. Следете ги ажурирањата на www.vodnomatka.mk
СРЕЌНО ТРЧАЊЕ!