ДАТА НА ТРКАТА 05 АПРИЛ 2026      :::      ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ОТВОРЕНO

Официјалната Тркачка Маица

ПОДАРОК ВО СТАРТЕН ПАКЕТ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ
Оваа година, учесниците на Vodno–Matka Trails ќе добијат ексклузивна, премиум SIGN Fly-R спортска маица – дизајнирана специјално за трката, со уникатен изглед што не може да се најде никаде на друго место. Лесна, удобна и направена за движење, маицата ја спојува функционалноста на модерната спортска опрема со уметнички израз кој раскажува приказна.

*дизајнот на фотографија може да се разлика од вистинскиот во нијанси

Боите на шумата, духот на трката, уметност што се носи.

Дизајнот носи вибрантни, живи бои, создадени да го разбие секојдневното сивило и да внесе радост, енергија и динамика – токму она што го симболизира нашата трка. Ова не е само маица. Ова е спомен, трофеј, дел од твоето тркачко патување.

Уникатен дизајн од Катерина Тери Николовска 

Секоја година, илустраторката и графичка дизајнерка Катерина Тери Николовска создава специјален, неповторлив визуелен идентитет за трката.
Нејзиниот стил е препознатлив: живописни, весели композиции што го слават трчањето, природата и енергијата на планината.

Оваа година, нејзиниот дизајн носи естетика – палета од свежи тонови што пулсираат со живот и оптимизам. Совршено се вклопува во духот на Водно и Матка: шаренолико, диво, но смирувачки и инспиративно.

Оригиналност и вредност

Оваа маица ќе ја добиеш само како учесник на Vodno–Matka Trails 2026.
Не се продава во продавници, не се печати повторно и не се репродуцира во следни години. Секоја сезона носи нов, ексклузивен дизајн.

Со тоа, твојата маица е повеќе од опрема —
таа е сведоштво дека си бил дел од нешто посебно.

Леснотија и удобност

SIGN Fly-R маицата е изработена за спортисти кои бараат целосна слобода, леснотија и комфор во секој чекор. Со тежина од само 95 грама, оваа ултра-лесна перформанс маица создава чувство како да не носиш ништо — идеална и за тренинг и за трка.

Изработена е од високо-пропустлив, еластичен и брзосушечки материјал кој те одржува разладен и сув дури и при најинтензивни напори.
Рамните (flatlock) шевови ја елиминираат иритацијата и го спречуваат триењето, обезбедувајќи максимална удобност на долгите сесии.

Модерна и спортска

Нејзиниот едноставен, спортски дизајн со кружно деколте нуди чист, модерен изглед кој лесно се вклопува во секоја тренинг или тркачка комбинација.

Достапна во машка (унисекс), женска и детска верзија, Fly-R маицата нуди врвна функционалност спакувана во минималистички стил.

Маицата е кроена да биде прилепена за тело заради оптимална удобност и перформанс при трчање.
Ако преферираш поопуштен и полабав фит, ти препорачуваме да нарачаш еден број поголем од твојата стандардна големина. (погледни подолу)
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
closechevron-downbars
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram