ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Одговори на најчестите прашања — сè што треба да знаеш пред стартот, а целосните детали се наведени во Правилата и прописите на трката. Доколку имаш уште нејасно прашај на vodnomatka@gmail.com
ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

ДАТУМ НА ТРКАТА

Трката е закажана а 5 Април 2026 година на ден Недела. Старт и цел на сите трки е во Етно комплексот „Македонско село“, Горно Нерези, Скопје. Стартовите се во 7ч (50К), 8ч (30К) и 9ч (18К) изутрина.

РЕГИСТРАЦИЈА

Пријавувањето е само онлајн, преку формата за регистрација на официјалниот вебсајт. По успешната уплата преку плаќањето со картичка онлајн, веднаш добиваш е-маил потврда. Доколку уплаќаш на сметка вирмански, извести не по меил.

ДИСТАНЦИ

• 18 км (Спринт) – за почетници или брзи тркачи.
• 30 км (Класик) – за искусни треил тркачи или маратонци.
• 50 км (Ултра) – за поискусни ултраши  со добра подготовка.

МАРКАЦИЈА

Патеките се обележани со ленти, стрелки и рефлективни маркери. Сепак, имај GPX на часпвникот или во мобилна апликација бидејќи на одредени делови ориентацијата е важна.

ГПС ЗАПИС

Секој GPX е поставен во страницата за соодветната дистанца. Кликнуваш на линкот, го симнуваш на телефонот/саатот или го вчитуваш во омилената апликација за навигација.

ЛИМИТИ

Да. Секоја дистанца има свој вкупен временски лимит и cut-off на контролни точки. Лимитите се применуваат по напуштањето на освежителната станица.

ПРЕФРЛАЊЕ

Можеш да се префрлиш од една на друга трка, но само до одреден датум. Потребно е да не контактираш по е-маил за промена.

ОПРЕМА

Задожителната опрема е наведена за секоја дистанца посебно, но вообичаено вклучува: сад за вода 0,5л, телефон, свирче и стартен број. Провери ја листата за секоја трка.

РАЗНО

• Стапчиња – дозволени.
• Слушалки – дозволени, но само една слушалка и внимателно.
• Звучниче – не е дозволено.
• Придружба – не е дозволена освен на освежителна станица.
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
th-listclosequestion-circlechevron-down linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram