КЛАСИК 30К

Испит на сила и упорност — патека што ги спојува Водно и Матка низ исконски терен и природен предизвик. Средна дистанца, но со сериозен карактер — за тркачи што сакаат вистински предизвик без крајности.

основна статистика

Најбалансираната, но и најтактичката дистанца на Водно–Матка. Испит на издржливост и контрола на темпо, каде што секое искачување и спуст бараат внимание и будност.
31.6 км

вкупна должина

Од срцето на Водно до мирот над Матка и назад — круг што ја раскажува суштината на трката.
1,600 м

денивелација

Искачувања што бараат фокус, а спуштања што наградуваат храброст и техника.
7 часа

временски лимит

Доволно време за да го надминеш предизвикот, но не и за потценување на теренот.
2 поени

итра верификација

Официјално сертифицирана трка што носи ИТРА поени и важи за квалификација во други ултра трки.

КОТИЗАЦИЈА

Со уплатата на котизацијата го обезбедуваш своето место на стартната линија и учествуваш во создавањето на едно незаборавно треил искуство.

РАНА

`ПРВИТЕ 40 УПЛАТИ
2,450
денари
ПРИЈАВА

РЕДОВНА

ДО 08.03.2026
2,800
денари

ДОЦНА

ОД 09.03. ДО 29.03.2026
БЕЗ ПОДАРОК
2,800
денари

ОПИС НА РУТАТА

Оваа 30K рута нуди совршен баланс меѓу брзина и предизвик, водeјќи те низ најживописните гребени и долини на Водно со постојани технички пресврти и панорамски точки што оставаат без здив
Класик-дистанцата од 30 километри започнува во комплексот Македонски село пред Етно музејот. Оттука се трча по асфалтниот пат покрај манастирот Св. Пантелејмон и низ село Горно Нерези. Веднаш после џамијата, од главниот пат се врти во лево по тесен асфалтиран пат стрмно нагоре меѓу куќите за да се искачува кон сртот на Водно и врвот Кале (Кота) (6.6км) следејќи комбинација од макадам и сингл-трек, тесна шумска патека. Од врвот Кале се спушта стрмно надолу во лево т.е. се продолжува кон Југ по јужниот гребен на планината до селото Св.Петка. 

На една полјана над селото Св.Петка, има раскрсница - се пролжува право - благо се спушта по една тесна тревна ливада до над селото каде што е првата освежителна станица (8.8км). Па благо се искачува во правец кон сртот и Крстот по макадам пат, угоре-удоле, кој на места се претвора во сингл со земја црвеница. Се стигнува на седлото (кај што беа багерите) и се искачува прво на врвчето па потоа се излегува на макадамот по гасоводот. Преку бункерите се префрла во лево на убавата шумска патека наречена Гунда.

На 15км има раскрница Гунда 1 каде што се врти нагоре во десно, за кратко се излегува на макадамот (гасоводот) на сртот - се префрла и се одвојува во лево во тесна сингл патека во правец на југ односно кон селото Соње. Се следи патеката и по неполн километар се скршнува во лево, за по неколку км да се спушти меѓу куќите до сред село Горно Соње каде што е втората освежителна станица (17.6км). Оттаму покрај репетиторот и низ иглолисна шума повторно се искачува по благо-стрмна и широка планинарска патека овојпат кон врвот Водно (Крстовар) (Милениумски крст).

На врвот не се оди преку домот туку по асфалтниот пат се продолжува па се крати после кривината кај војската па за стотина метра се одвојува во десно за шумската макадамска патека што води по сртот кон исток (во правец на Китка спротивно од Матка). Се трча по целиот срт па се спушта по Бабина патека до летниковците под Марково крувче каде што е третата освежителна станица (24.1км). Оттаму, по трим патека за два км се стигнува до Средно Водно и преку рампите се оди нагоре по асфалтат (кон врвот), но на нешто помалку од еден км од Средно се скршнува во лево и се искачува по МТБ патеката Чистилиште до летниковецот над Детскoто одморалиште. Се спушта по асфалтот покрај Детско и оттаму во лево се исклучува по планинарска патека која води до Бункери.

Патеката е сингл која минува покрај неколку огромни костени и благо искачува повторно до раскрсницата на патеката Гунда (каде што се вртеше од Бункери кон Соње). Тоа е на 29.8км па се врти во десно и надолу по сингл треил до целта во Македонски село. Се влегува од Горната капија (кај бачилото) и се врти еден полукруг низ комплексот за на крај да се финишира до ресторанот на плоштадот (31.6км).

360° видеа од рутата

>>>

ПОДГОТВИ СЕ

Сè што ти треба за совршен старт — од правилата до финалниот чекор на целта. Биди подготвен, уживај во секој километар!

ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

Секој учесник треба да ги почитува правилата на трката и природата. Твојата безбедност и фер плејот се на прво место.
ПРАВИЛА

ОПРЕМА И ОБЛЕКА

Добрата опрема прави голема разлика. Провери ја листата на задолжителна и препорачана опрема.
ОПРЕМА

ТРЕНИНГ И ИСХРАНА

Подготви го телото и умот. Нашите совети за тренинг ќе ти помогнат да го извлечеш максимумот од трката.
ТРЕНИНГ

СМЕСТУВАЊЕ

Доживеј ја топлината на традиционалното македонско село — чист воздух, домашна храна и вистински мир пред стартот на трката. 
РЕЗЕРВИРАЈ

ВИРТУЕЛНА МАПА

Запознај се со дигиталната мапа пред трката — прегледај ја виртуелно и дознај каде се клучните искачувања, спустови и пунктови. Преземи го GPX фајлот на својот паметен часовник или апликација за навигација, за да трчаш сигурно и подготвено на секој свиок.
GPX

ТАБЕЛА СО СЕГМЕНТИ

Како се движи трката: сегменти, искачувања и очекувани поминувања

ВИСИНСКИ ПРОФИЛ

Погледни го висинскиот профил за да знаеш што те очекува — кога почнуваат најстрмните делови, каде можеш да одмориш и кога следи спуст кон целта. Добро познавање на профилот значи паметно темпо и посигурен финиш (ќе биде испечатен и на стартниот број).
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
th-listclosechevron-downpencilmoonflageyemaplocationdiamondrocket linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram