ДЕТСКА ТРКА

Почуствувајте ја магијата на планиското трчање и пријавете го вашето дете на претстојното издание на Детската трка на Водно-Матка Трeилс! Детската трка се одржува на 5 април во недела, во комплексот Македонско село во Горно Нерези, со почеток од 9:45 до 10:30 часот.

ДОЛЖИНИ ЗА СИТЕ ДЕЧИЊА

5 април во недела, во комплексот Македонско село во Горно Нерези, со почеток од 9:45 до 10:30 часот. Подигнување на стартното бројче од 9:05 часот пред стартот. 
4-6

години

Најмалите наши херои ќе истрчаат 100 метри со многу радост, а ние ќе ги бодриме со најсилни аплаузи додека ги прават нивните први планинарски чекори!
7-9 

години

Овие мали истражувачи ги чека патека од 300 метри, каде низ насмевки и игра ќе ја покажат својата желба за движење и дружење на чист воздух!
10-12

години

Најстарите во оваа група ќе совладаат 700 метри, покажувајќи вистински спортски дух и меѓусебна поддршка до самиот влез во целта!

БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО

Со пополнување на пријавата родителот / старателот се согласува своето моето дете да учествува во детската трка. Согласен / на е дека своето дете е способно да учествува на трката и дека е свесен/а за евентуалните несакани последици по своето дете при учество во настанот и самата/самиот го сноси ризикот и ја прифаќа одговорноста.

СЕКОЕ ДЕТЕ Е ШАМПИОН!

Нашата филозофија е едноставна: спортот за деца мора да биде игра, а не елиминација. Наместо трка за прво место, правиме трка за другарство каде секое дете на целта е победник и добива заслужен медал.
Сите деца ќе го носат стартниот број 1. Сакаме да го тргнеме притисокот од најмалите и да им покажеме дека самото појавување на стартната линија е најголемиот успех. На оваа трка нема да има рангирање, мерење време и подиуми – кај нас најважата награда е насмевката и љубовта кон планината.

Нашата филозофија е едноставна: спортот за деца мора да биде игра, а не елиминација. Наместо трка за прво место, правиме трка за другарство каде секое дете на целта е победник и добива заслужен медал.

Едвај чекаме да им посакаме добредојде на многу мали насмеани лица на стартната линија! 😉

Должини и категории:
4-6 години ± 100 метри, старт во 10:10
7-9 години ± 300 метри, старт во 10:00
10-12 години ± 700 метри, старт во 9:50

Учеството е бесплатно преку пополнување на формуларот долу.

Активноста ќе се одржи во соработка со Национална Федерација “Спорт за сите” која дејствува на територија на Македонија со покровителство и поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата е создадена со примарна цел подигнување на свеста за потребата од физичка активност на индивидуите во државата и директно вклучување на граѓаните во спортско-рекреативните активности без оглед на пол, возраст, социјална состојба, религиозна или етничка припадност.
СПОНЗОРИ / SPONSORS
ПОДДРЖУВАЧИ / SUPPORTERS
ПРИЈАТЕЛИ / FRIENDS
ДОБАВУВАЧИ / SUPPLIERS
ИНСТИТУЦИИ / INSTITUTIONS
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
closechevron-downbarsdiamond linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram