Водно-Матка Ултра трка е најпредизвикувачката - маратонска - должина од „Водно-Матка Треилс“ и е еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање со должина од 45 километри и висинска разлика од 2800 метри. Трката се одвива во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.
Оваа исконска трка што води угоре-удолу се' до Кањонот Матка и назад е препорачана за искусни ултра-тркачи, со солидна физичка и ментална кондиција за да го завршат овој многу тежок треил предизвик.
Трката поминува низ следниве локации:
Средно Водно (старт) – Марково Круфче – Цуцул – Врв Водно – Пензионерска колиба – Св.Пантелјмон - Горно Нерези - Кодра Хамед (Благоец) - Дамацуле – Кале – Нир – Меденик – Матка – Св.Андреја – Св.Недела – Св.Спас – Лас – Матка – Св.Никола Шишевски – Горно Ќуле - Св.Петка - Кодра е Дарис -Пепов Даб - Ртишан - Кромидаревец - Горно Брдце (Горно Соње) - Дудиков Рид - Врв Водно - Детско Одморалиште - Средно Водно (цел).