Здраво деца!
Сакате да станете планински тркачи?!
Почуствувајте ја магијата на планиското трчање и натпреварувајте се во претстојното издание на Детската трка Водно-Матка Трeилс! Детската трка се одржува во недела на 6.4.2025, на Средно Водно, со почеток во 10:01 часот а стартовите ќе бидат од 10:20 часот.
Трката е од ревијален и забавен карактер. Сите деца се еднакви и ќе носат стартно бројче број 1. Воедно, и сите деца се победници, така што нема да има официјална стартна листа и рангирање односно прогласување на победник.
Сите деца кои ќе учествуваат во Детската трка добиваат подарок од спонзорите како и креативно дизајниран стартен број за чување како сувенир (подигнување на бројчињата пред самиот старт на трката).
После трката ќе има организирано катче со спортски реквизити за занимација на најмалите - топки за спорт, голови за фудбал, пречки за прескокнување итн итн.
Должини и категории:
4-6 години - 100 метри
7-9 години - 300 метри
10-12 години - 700 метри
Учеството е бесплатно преку пополнување на формуларот долу.
Пријавувањето е отворено до среда 02.04.
Активноста ќе се одржи во соработка со Национална Федерација “Спорт за сите” која дејствува на територија на Македонија со покровителство и поддршка од Министерството за спорт. Федерацијата е создадена со примарна цел подигнување на свеста за потребата од физичка активност на индивидуите во државата и директно вклучување на граѓаните во спортско-рекреативните активности без оглед на пол, возраст, социјална состојба, религиозна или етничка припадност.