Придонес кон науката
Водно-Матка Треилс со гордост веќе 3 година по ред соработува со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје на прво вакво научно истражување посветено на мотивацијата на планинските тркачи на наши простори.
Во рамките на оваа иницијатива, се споделуваат два прашалника меѓу тркачката заедница — од почетници до искусни ултра тркачи. Секој од вас е носител на уникатна мотивација — предизвик, заедништво или личен напредок — што ќе биде вреден дел од овој научен труд.
Истражувањето се спроведува во соработка со истражувачи од УКИМ – ФФОСЗ и Универзитетот во Белград, поддржано од Националната федерација „Спорт за сите“. Се работи за анонимен прашалник кој одзема 5–7 минути и е достапен на српски јазик.
Со твоето учество, трката не само што гради заедница, туку и остава трага во научниот развој на треил трчањето во регионот.
ПРАШАЛНИК