Екологија

Начела за еколошко-одржливи трки во планинско трчање
OUTDOOR FRIENDLY PLEDGE
1. Настаните да стануваат јаглерод неутрални, се додека не се климатско неутрални (0 емисии), избегнувај ги и намали ги предизвиканите загадувања:
Намали ја мобилноста на организаторот, гледачите и асистентите и осигурај се дека голем дел од тие патувања се направени со еколошки превозни средства.
Најми локални екипи за снимање и фотографирање.
Барај е-карго возила и е-велосипеди за транспорт и логистика.
За снимање користи тркачи и/или Е-велосипеди наместо АТВ-а.
Без светлечки паноа, бини и друга електронска опрема што троши струја.
Направи калкулатор за карбон футпринт при патување до настанот.
Договори збирен - автобуски транспорт за волонтери, учесници и навивачи (ако е дизел да биде ЕУРО6)
Награди ги со бонус, подарок оние тркачи кои ќе дојдат на старт со велосипед, воз, автобус, карпулинг…промовирај на СоМе
Определи и ограничи каде и колку места за паркирање на старт-цел ќе има
2. Намали го отпадот за најмалку 50% од моменталното количество и селектирај го ѓубрето.
Направи инвентар на опрема и маркации
Подари силиконски чаши за повеќекратна употреба
Избегнувај храна и пијалок во амбалажа за еднократна употреба - користи намирници во збирни пакувања и вода во туби од 20л и сокови во лименки 
Намали на пластика за еднократна употреба и намали на хартиени продукти садови и шамивчиња убриси.
Донирај остаток на храна во Црвен Крст.
Користи долготрајни маркациски знаменца, по можност од долготраен или биоразградлив материјал. Осигурај се дека знаменцата се добро вкопани-боцнати за да не одлетуваат.
Ограничи рекламни банери само на старт и финиш
Избегнувај трајна маркација со спрејови, а ако мора тогаш користи со краткорочно дејство - органски и нетоксични.
Во рок од 48 часа по настанот отстрани ги сите маркации и материјали.
Наместо да се даваат маици и слични подароци засадувај дрвја.
Стартен пакет во хартиени кеси или воопшто без ќеса.
Рециклириј ги неподигнатите биб бројки.
Побарај специфични контејнери за селектирање отпад од комуналното.
Не ги пакувај подароците (маици на пр.) во ќеса/пластика за еднократна употреба.
Заштити ја водата. Оптимизирај ја потрошувачката и не користи хемиски продукти кои ја загадуваат особено Тои-Тои тоалети.
Канти за ѓубре за селекција и сортирање на секој контролна
Одлагање на ѓубрето во центар за рециклажа:
Пластика и стиропор: Црна кеса
Хартија и картон: Сина кеса
Батерии, лименки, алуминиум, алуминиумска амбалажа: Жолта кеса
Храна: Подари во Црвен Крст или во компостара: Зелена кеса
Стакло: во картонска кутија.
3. Користи 100% еколошки материјали во комуникацијата и 50% локални намирници за настаните.
Без печатени материјали (бибовите во пликоа да не се даваат) или сведени на минимум 
Истражи дали да се користат чипови-алки за повеќекратна употреба
Маици и сличен подарок од рециклиран памук-полиестер
Овозможи поефтина цена за учество на сметка да не добијат маица, медал и слично од еколошки причини
Трофеи и подароци од локални уметници-занаетџии
Храна и кетеринг од локални добавувачи и локално оргaнско потекло на контролни
Имај вегетаријанска/веганска опција
Смисли еко-френдли беџ систем
4. Анализирај ја ерозијата и импактот врз живиот свет за се одреди рутата на трките, најдобриод период-дата за одржување на настанот, бројот на учесници и навивачи, како и пред- и пост- настан активности во насока на зачувување на природната вредност и еколошкиот интегритет на средината/просторот.
Забрана за користење планинарски стапчиња во сензитивни зони.
Деградација на шумски патишта од џипови и атв-еа.
Врева од луѓе и возила, светлина од челни ламби и јак одор.
На контролни тивка музика и помалце клопотарци (само мали блутут звучничиња).
Размисли на птиците и нивните гнезда, цицачите и нивните живеалишта и вообичаените рути на движење, како и на растителниот свет.
5. Барај од тркачите да се вклучат во работа за заштита на природата и/или конзервација на патеки како предуслов за учество или попуст на стартнина.
Покани ги тркачите, спонзорите, партнерите да потпишат изјава за екологија - од партнери-спонзори дознај за нивната еколошка стратегија и активност.
Промовирај повеќе одржлив, инклузивен и меѓусекторски спорт, преку кампањи и активности (пред- пост- за време на настанот) кои промовираат пријателски активности за животната средина.
Преферирај спонзори кои се посветени на животната средина.
На вебсајт и СоМе повикај покани други организации да се приклучат
Организирај Плогаран, еколошки акции за чистење на диви депонии. Пошумување. Како и работа на ревитализација на патеки за да се спречи ерозија и слично.
Направи место каде што учесниците ќе донираат или рециклираат својата опрема.
Покани ја јавноста да се вклучи во настаните за еко цели.
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
th-listclosechevron-down linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram