ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

За безбедно и фер искуство на сите учесници. Запознај се со основните правила пред стартот и трчај со почит кон волонтерите, природата и тркачите околу тебе.

ДАТА НА ОДРЖУВАЊЕ

НЕДЕЛА, 05 АПРИЛ 2026 

ЛОКАЦИЈА НА СТАРТ И ЦЕЛ

Етно комплекс МАКЕДОНСКО СЕЛО, Горно Нерези, Скопје

СЕРТИФИКАЦИЈА

ИТРА и УТМБ поени со индекс на перформанс.
ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ

*се потпишува при подигнување на стартен пакет

1. КАТЕГОРИИ НА ТРКИ И РАСТОЈАНИЈА

УЛТРА 50K
  • Растојание: 52 km
  • Висинска разлика: 3,014m D+
  • Старт: 07:00 часот
  • Временски лимит: 12 часа
  • ITRA поени: 3
  • Освежителни станици: 5
  • Cut-off точки: 2
КЛАСИК 30K
  • Растојание: 31.6 km
  • Висинска разлика: 1,609m D+
  • Старт: 08:00 часот
  • Временски лимит: 7 часа
  • ITRA поени: 2
  • Освежителни станици: 5
СПРИНТ 18K
  • Растојание: 18.7 km
  • Висинска разлика: 973m D+
  • Старт: 09:00 часот
  • Временски лимит: 4 часа
  • ITRA поени: 1
  • Освежителни станици: 1
ДЕТСКИ ТРКИ
  • 4-6 години: 100m (старт 10:00)
  • 7-9 години: 400m (старт 10:15)
  • 10-12 години: 800m (старт 10:30)

2. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА за СИТЕ растојанија:

  • Стартно бројче (видливо на предниот дел од телото)
  • Лична чашка минимум 15cl (трка без пластика!)
  • Свирче за итни случаи
  • Мобилен телефон ВКЛУЧЕН (не на авионски режим!)

Препорачана опрема* по растојание:

СПРИНТ 18K:
  • Вода минимум 500ml (бидон/шише/меур)
  • Алуминиумска фолија (1.4m x 2.0m)
  • Самолеплив завој
  • Облека според временска прогноза
  • Патики за планинско трчање
КЛАСИК 30K:
  • Вода минимум 500ml (бидон/шише/меур)
  • Алуминиумска фолија (1.4m x 2.0m)
  • Самолеплив завој
  • Храна мин. 300 калории
  • Облека според временска прогноза
  • Патики за планинско трчање
УЛТРА 50K:
  • Вода минимум 1L (бидон/шише/меур)
  • Алуминиумска фолија (1.4m x 2.0m)
  • Самолеплив завој
  • Храна мин. 600 калории
  • Челна ламба со резервни батерии
  • Облека според временска прогноза
  • Патики за планинско трчање

*Во случај на неповолна временска прогноза, организаторот го задржува правото да пропише задолжителна опрема, неопходна за безбедноста на тркачите.

3. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Минимални услови:
  • Возраст: 18+ години (16-17 со родителска согласност)
  • Медицинско уверение: Препорачано за сите а особено за 50+ години
  • Препорачано искуство:
    • 18K: Не е потребно
    • 30K: Завршена најмалку една планинска трка
    • 50K: 3 ITRA поени од трка или завршена 30-50K трка
Полуавтономно учество
  • Тркачите учествуваат на свој ризик 
  • Тркачите мора да бидат автономни (самостојни) помеѓу освежителните станици
  • Ментална и физичка подготвеност и самостојност при справување со променлив планински терен, предизвикувачки временски услови, замор и помали повреди
При регистрација е задолжително*:
  • Име и презиме
  • Датум на раѓање
  • Држава
  • Е-пошта и телефон
  • Контакт за итни случаи (име и телефон)
  • Медицински состојби и лекови (доколку има)

*Регистрацијата се смета за комплетна по успешна уплата на котизацијата

При подигнување на стартен број:
  • Личен документ со фотографија
  • Потврда за плаќање (е-пошта)
  • Потпис на изјава за одговорност

4. ПРАВИЛА НА ТРКАТА

Итна дисквалификација за:
  • Намерно скратување на патеката
  • Користење транспорт (велосипед, мотор, возило)
  • Навреди и закани кон други учесници, волонтери и медицински персонал
  • Одбивање да се помогне на повреден тркач
  • Непослушност при провека на опрема
  • Утврдување нарушена здравствена состојба од медицински персонал
  • Допинг
  • Лажно пријавување идентитет т.е учество со туѓ стартен број
Временски казни:
  • Фрлање ѓубре на патеката: 30-60 минути
  • Исклучен телефон: 15 минути
  • Недостаток на опрема: 15-30 минути
  • Неовластена помош: 10-15 минути
  • Опасно претекнување: 10-15 минути
Правила на патеката:
  • СЕКОГАШ следете ја маркацијата од трката
  • Останете на обележаната патека
  • Носете го сиот отпад со себе до следната станица
  • Почитувајте ги волонтерите, другите тркачи и природата
  • Ако нема маркација во должина од 200м, вратете се назад

5. ОСВЕЖИТЕЛНИ СТАНИЦИ

Што е достапно:
  • Вода, кола и електролити (носете си ВАША чашка!)
  • Храна (детали на сајтот) само за консумирање на станицата
  • Топли напитоци на одредени станици (при ладно време)
Надворешна асистенција:
  • Дозволена: Само во радиус од 100m од станица
  • Максимум: 1 помошник, 10 минути
  • Забрането: Пејсери, медицинска помош, носење опрема на друг учесник

6. ВРЕМЕНСКИ ЛИМИТИ

Максимално време (cut-off):
  • 18K: 4 часа
  • 30K: 7 часа
  • 50K: 12 часа
  • Временски ограничувања на одредени освежителни станици (табели со времиња на сајтот)

ВАЖНО: Мора да се НАПУШТИ освежителната станица пред cut-off времето!

7. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТРКАТА

Ако морате да се откажете:
ЗАДОЛЖИТЕЛНО:
  1. Јавете се на телефон на Организаторот (број на стартното бројче)
  2. Известете ги волонтерите на најблиската станица
  3. Останете на станицата до обезбедување организиран превоз
За итни случаи:
    • При губење и слични проблеми: Јавете се на Организаторот (број на стартното бројче)
    • При повреда и спасување: повикајте СОС број на стартното бројче
  • Не си заминувајте од сред трка без известување на организаторот!
  • Ненајавено откажување = пребарување и спасување на ВАШ трошок!

8. БЕЗБЕДНОСТ И ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Трката се откажува* при:
  • Температура на воздухот над 40°C
  • Молња во радиус од 15km
  • Виндчил со температура под -10°C
  • Лош квалитет на воздух (AQI 151+)
  • Виша сила

*При откажување на трката од страна на организаторот на повеќе од 15 дена пред почетокот на трката се исплаќа 20% рефундација. Нема рефундирање при откажување на трката од страна на организаторот на помалку од 15 дена до почетокот на трката.

Комуникација:
  • СМС известувања за промени
  • Следете ја веб-страницата и социјалните мрежи на трката
Маркирање
  • Примарни маркери: бело-црвени ПВЦ ленти со логото, на десната страна на патеката
  • Дополнителни маркери: магента знаци со насочувачки стрелки
  • Дополнителни маркери: портокалови Х знаци со погрешен правец - врати се назад
  • Ноќна видливост: рефлектирачки маркери за ноќни делови
  • Засилено обележување на сите патеки на крстопати и точки на раздвојување
Интеграција на GPS и технологија:
  • Официјални GPS-датотеки на вебсајтот на трката
  • Задолжително да се носи мобилен телефон за итна комуникација
  • Препорачано инсталирање мобилна апликација за навигација со офлајн карти

9. ЕКОЛОШКИ ПРАВИЛА

НЕ ОСТАВАЈТЕ ТРАГ начела:
  • БЕЗ фрлање ѓубре (казна 30-60 мин!)
  • БЕЗ сечење свиоци
  • БЕЗ вознемирување на животни
  • Користете само маркирани патеки
  • Носете си чашка за течности

10. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ПОДИУМИ

Категории (М/Ж):
  • У25: 18-24 години
  • Сениори: 25-39 години
  • Мастерс 1: 40-49 години
  • Мастерс 2: 50-59 години 
  • Ветерани: 60+
Подиуми (М/Ж):
  • Генерален пласман: 1-3 место
  • Категории: 1 место

11. КОТИЗАЦИЈА

Рана регистрација (првите # уплати):
  • 50K: 3,400 ден. (првите 20)
  • 30K: 2,450 ден. (првите 40)
  • 18K: 1,850 ден. (првите 40)
Редовна регистрација (до 08.03.2026):
  • 50K: 4,000 ден.
  • 30K: 2,800 ден.
  • 18K: 2,150 ден.
Доцна регистрација (09.03-29.03.2026):
  • Исти цени како редовна
  • БЕЗ подарок од трката

Регистрациите се затвораат на 29.03.2026 во 23:59 или порано поради исполнување на квотата за макс број на учесници.

Вклучено во котизација:
  • Учество, електронски чип, ITRA/UTMB поени
  • Подарок од трката
  • Освежителни станици, волонтери, медицинска помош
  • Топол оброк на цел, медал за финишери
  • Дигитален сертификат, професионални фотографии
  • Подароци од спонзори, дропбег, паркинг
Групни попусти и гратиси
  • Тим / спортски клуб (10+ тркачи): 10% попуст
  • Подиум во генерален пласман од 2025 година: бесплатно
  • Елитни тркачи (750 ITRA машки, 600 ITRA женски): бесплатно

12. ОТКАЖУВАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ

Враќање на средства:
  • До 08.03.2026: 100% (минус такса од 300 ден.)
  • 09.03-29.03.2026: 50%
  • По 30.03.2026: Нема рефундација
Трансфер на друга дистанца:
  • Дозволено до 29.03.2026
  • На пократка: без враќање разлика
  • На подолга: доплата разлика
Откажување заради повреда:
  • До 08.03: 90% со лекарски извештај
  • 09.03-29.03.2026: Случај по случај
  • По 30.03.2026: Нема рефундација
Како да откажете регистрација и да побарате рефундација:

Испратете е-пошта на vodnomatka@gmail.com со*:

  • Име и дистанца
  • Датум на уплата
  • Причина
  • Лекарско (ако има)

*Е-пошта со потврда се добива во рок од 7 дена, а рефундирањето се врши во рок од 14 дена од приемот на барањето.

13. КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС

Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка: 380178546100178 Про Кредит Банка, 270069272700140 Халк Банка
Единствен Матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
E-mail: info@trex.mk
Претседател: Жикица Ивановски

Одговорно лице (директор на трка): Дејан Крле
vodnomatka@gmail.com
www.vodnomatka.mk

ЗАПОМНЕТЕ:

  1. Безбедноста е приоритет #1
  2. Почитувајте ја природата
  3. Помогнете на другите тркачи
  4. Следете ги правилата
  5. Уживајте во авантурата!

Организаторот го задржува правото за промени на правилата. Следете ги ажурирањата на www.vodnomatka.mk

СРЕЌНО ТРЧАЊЕ! 

АВАНТУРАТА ТЕ ЧЕКА!

Почувствувај ја природата, предизвикувај се себеси и стани дел од трката што ја слави слободата.
ПРИЈАВИ СЕ СЕГА!
vodnomatka@gmail.com
© ® ЗДРУЖЕНИЕ ТРЕКС СКОПЈЕ, 2020
th-listcloseflagcalendarchevron-downcertificate linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram