Правила и прописи на трката
„Водно-Матка Треилс 2025”
07.11.2024
Скопје
ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ И ФИЗИЧКА ПОДГОТВЕНОСТ ВОДНО-МАТКА ТРЕИЛС 2025
Со доброволното пријавување, учесникот потврдува дека правилата, прописите, процедурите и обврските се обврзувачки за време на натпреварот. Овие прописи служат за да го направат натпреварот еднаков за сите учесници и не може да се оспорат на суд. Нивното прифаќање и примена е обврзувачко за да се учествува на настанот. Секој учесник е одговорен за техничката исправност на неговата/нејзината опрема и мора да се погрижи дека се рамките на правилата. Организаторот не презема никаква одговорност при несреќен случај – незгода, лична повреда или материјална штета, кражба или други вид штети!
ИЗЈАВА - СОГЛАСНОСТ НА УЧЕСНИКОТ
- Ги прочитав, разбрав и целосно ги прифаќам Правилата и Прописите кои важат за спортскиот настан во кој ќе учествувам (Водно-Матка Треилс 2025), кој ќе се одржи на 06 април 2025 година. Правилата и Прописите се објавени на официјалната веб страница на настанот (www.vodnomatka.mk).
- Сигурен сум дека сум соодветно подготвен (физички и психички) да учествувам во трката. Ги почитувам соодветните медицински протоколи и контроли кои гарантираат дека имам добро здравје, дека не страдам од било каква болест, алергија, физички недостаток, повреда или кардио-респираторно нарушување а кои би ме советувале против моето учество на настанот.
- Целосно сум свесен за тешкотиите и напорот на настанот, од маршрутата, висинскиот профил и растојанието; за кои претходно се консултирав на веб сајтот на настанот (www.vodnomatka.mk).
- Целосно сум свесен дека овој тип на настани содржат дополнители ризици за учесниците. Според тоа, изјавувам дека учествувам на настанот на моја слободна волја и на моја иницијатива, и дека целосно ги преземам на себе ризиците и последиците што произлегуваат од моето учество.
- Поседувам доволно знаење и технички вештини кои ја гарантираат мојата лична безбедност во средината и условите за самостојност во кои се одвива настанот. Исто така, дека на денот на настанот ја имам спортската и безбедносната опрема која задолжително ја налага Организаторот; и гарантирам дека е во одлична состојба, дека знам правилно да ја користам, и дека лично ќе ја употребам/носам со мене за време на целиот настан.
- Се обврзувам дека ќе ги почитувам правилата и безбедносните протоколи наложени од страна на Организаторот за трката во која учествувам; и дека ќе се однесувам одговорно, избегнувајќи ситуации кои ги зајакнуваат ризиците по мојот физички и психички интегритет. Дека ќе ги следам упатствата и ќе ги почитувам одлуките донесени од одговорните лица од Организацијата (судии, доктори и организатори) во смисла на сите безбедносни аспекти.
- Ги овластувам Медицинските лица на настанот, во било кој момент од настанот, да изведат врз мене било која медицинска процедура или дијагностички тест што тие сметаат дека е соодветен, без разлика дали тоа јас го барам од нив или не. Во случај тие да побараат, јас се согласувам да го напуштам моето учество во настанот и/или да дозволам моја хоспитализација, доколку тие одлучат дека е неопходно по моето здравје.
- Го овластувам Организаторот на настанот да има ексклузивно право врз фотографиите и видео снимките во кои што сум прикажан лично а кои што се создадени за време на настанот, и да ги користи ексклузивно за потребите на промоцијата на настанот, и за што нема да добијам финансиска надомест за возврат.
- Пред или за време на настанот, нема да конзумирам ниедна забранета супстанца што се смета за допинг од страна на меѓународните атлетски и планинарски федерации. Свесен сум дека Организаторот има право да ги подложи на анти-допинг контрола првите тројца пласирани во сите категории за секоја трка.
- Свесен сум дека мојот стартен број е личен и не може да се префрли на друго лице, поради што нема да можам да го отстапам или да го продадам на било кое друго лице во било кој случај, дури и во случај да бидам спречен да учествувам на настанот.
- Учествувам на настанот на моја слободна волја и на моја сопствена одговорност. Следствено, го ослободувам Организаторот, неговите соработници, спонзори и други субјекти, од секаква одговорност за било каква физичка или материјална повреда/инвалидитет/смрт што може да ми се случи, и поради тоа, се откажувам од моето право да поднесам извештај или барање за штета против наведените субјекти.
- Се обврзувам да ги следам и применувам општите правила за почит кон природата и другите луѓе. Во прилог се опишани општите правила:
- Да бидам крајно внимателен и да ги следам важечките сообраќајни правила при движење по патеки и патишта кои се отворени за сообраќај.
- Да не предизвикувам влошување на биотичките, геолошките и културно-историските ресурси или општо на природата и крајоликот.
- Да ги извршувам своите физиолошки потреби на соодветни места, во секој случај, подалеку од извори на вода и водни текови и подалеку од патеки и собирни места.
- Да не фрлам ѓубре или да оставам предмети или тврд или течен отпад вон местата кои се означени специфично за таа намена.
- Да не ја напуштам маркираната патека.
ОПШТИ ПРАВИЛА ВОДНО-МАТКА ТРЕИЛС 2025
- Секој натпреварувач учествува на настанот на сопствен ризик.
- Задолжителна опрема - нема (освен стартен број) но препорачуваме секој натпреварувач најмалку со себе да понесе мобилен телефон, астро фолија или јакна ветровка, бидон за половина литар вода и силиконска чашка за течности (трката нема пластични/картонски чашки на освежителни станици).
- Во случај на неповолна временска прогноза, организаторот го задржува правото да пропише задолжителна опрема, неопходна за безбедноста на тркачите.
- Натпреварот ќе се одржи во секакви временски услови, единствен исклучок се долготрајни периоди на нестабилно време со грмотевици. Во овој случај, организаторот на настанот одлучува за промена маршрутата или откажување на трката (без право на поврат на котизација или префрлање за следна година).
- Организаторот го задржува правото на промена на маршрутите, за што учесниците ќе бидат навремено известени.
- Поради тешкотијата на натпреварот, лицата помлади од 18 години не смеат да се натпреваруваат на растојание од 32км и 45км.
- Поради тешкотијата на натпреварот, децата помлади од 16 години не смеат да се натпреваруваат на растојание од 23км и повеќе, освен ако се придружувани од нивен родител или старател кои го потпишуваат изјава за преземање било каква одговорност за нивното учество на натпреварот.
- Поради тешкотијата на натпреварот, децата помлади од 13 години не смеат да се натпреваруваат на растојание од 10км и повеќе.
- Трасата на трката ќе биде добро обележана (ленти, стрелки-патокази, маркации на дрва и камења...). На патеката има станици за освежување со храна и течности, медицинска служба, спасители во планина и по повик амбулантно возило. На клучните места ќе има и редари-насочувачи кои ќе помагаат да ги насочат тркачите.
- Ако на некој дел маркациите се значително дефицитарни или отсутни, пријавете го тоа до најблискиот контролен пункт. Ако не гледате маркација повеќе од 200 m, вратете се на последниот маркер и продолжете повнимателно.
- Натпреварувачот може доброволно да се откаже од натпреварот на контролните точки. Тој мора веднаш да го извести организаторот за откажувањето (контакт на стартниот број).
ТРКИ
- Ултра трка 45км / 2,800D+ - старт: 06.04.2025 во 8:00. Лимит 11 часа.
- Долга трка 32км / 1,700D+ - старт: 06.04.2025 во 9:00. Лимит 8,5 часа.
- Средна трка 23км / 1,300D+ - старт: 06.04.2025 во 9:30. Лимит 6 часа.
- Кратка трка 10км / 600D+ - старт: 06.04.2025 во 10:00. Лимит 3 часа.
- Детска трка поделена по категории 4-6 год (100м), 7-9 год (400м), 10-12 год (800м). Почеток во 10:30.
- Сите детали за трките како што се мапи, временски табели, гпс записи може да се најдат на вебстраницата на настанот www.vodnomatka.mk
КОТИЗАЦИИ
- Ултра трка 45К - промо (први 20 уплати) - 2500 ден; редовна (до 09.03.2025) - 3000 ден; доцна (од 10.03.2025 до исполнување на квота) - 3500 ден.
- Долга трка 32К - промо (први 20 уплати) - 2000 ден; редовна (до 09.03.2025) - 2500 ден; доцна (од 10.03.2025 до исполнување на квота) - 3000 ден.
- Средна трка 23К - промо (први 20 уплати) - 1500 ден; редовна (до 09.03.2025) - 2000 ден; доцна (од 10.03.2025 до исполнување на квота) - 2500 ден.
- Кратка трка 10К - промо (први 20 уплати) - 1000 ден; редовна (до 09.03.2025) - 1500 ден; доцна (од 10.03.2025 до исполнување на квота) - 2000 ден.
- Во онлајн плаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување.
- Клубски (групен) попуст од 10% на редовната или доцна котизација за најмалку 8 пријавени натпреварувачи. Плаќање само на жиро сметка или преку фактура. Пред да се пријавите пратете список преку е-пошта vodnomatka@gmail.com најдоцна до 15.03.2025
- Бесплатни стартнини за први тројца во генерален пласман од 2024 година за должините во кои победиле, национални атлетски шампиони, олимпијци, како и за натпреварувачи со ИТРА индекс 750 (мажи) и 600 (жени). Пред да се пријавите пишете ни преку е-пошта vodnomatka@gmail.com најдоцна до 15 Март 2025.
- Максимален број на учесници (квота) на сите должини заедно изнесува 700.
- Лекарско уверение за да се учествува на една од трките не е потребно. Меѓутоа, организаторот ги поттикнува сите натпреварувачи да се стекнат со лекарско уверение кое докажува дека се способни за спортски тренинг и натпревари.
НЕУЧЕСТВО И ПОВРАТ НА КОТИЗАЦИЈА
- Учесниците кои не можат да присуствуваат на настанот поради здравствени проблеми и кои веќе ја платиле котизацијата може да побараат делумно враќање на котизацијата преку е-пошта vodnomatka@gmail.com
- Рефундација од 50% до 15 Март 2025 година,
- Враќање на средствата не е можно по 15 Март 2025 година, без оглед на причината за неучеството.
- Во сите други случаи, не ги враќаме платените котизации.
ПРЕФРЛАЊЕ НА КОТИЗАЦИЈА НА ДРУГ
- Учесниците кои не можат да присуствуваат на настанот а сакаат да ја префрлат стартнината на друг учесник да се обратат преку е-пошта vodnomatka@gmail.com најдоцна до 15 Март 2025 година.
- За да префрлувањето биде извршено треба да се уплатат 150 денари на жиро сметката на организаторот.
- Префрлањето не е можно по 15 Март 2025 година, без оглед на причината за неучеството.
- НАПОМЕНА: Учество на настанот со туѓ стартен број е забрането поради безбедносни и натпреварувачки причини и следи дисквалификација.
ПРЕФРЛАЊЕ НА ДРУГА ДОЛЖИНА
- Учесниците кои уплатитиле за една должина но се предомислиле и сакаат да се префрлат на друга должина да се обратат преку е-пошта vodnomatka@gmail.com најдоцна до 15 Март 2025 година.
- За да префрлувањето биде извршено треба да се уплатат 150 денари плус разликата од котизациите (со моменталните важечки цени) на жиро сметката на организаторот. Нема рефундација на разлика при префрлање од подолга на пократка трка.
- Префрлањето не е можно по 15 Март 2025 година, без оглед на причината за тоа.
КАЗНИ И ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА
- Натпреварувачот мора да биде регистриран на сите најавени и ненајавени контролни точки вдолж маркираната рута (опишани на вебсајтот на трката и на наведени на стартниот број). Должност на секој натпреварувач е да се осигура на секоја контролна точка дека контролорот успешно го запишал во тајминг системот.
- Организаторот го задржува правото на ненамерна грешка при евидентирањето на натпреварувачите на една или повеќе контролните точки. Во таков случај, доколку е побарано, натпреварувачите кои што не се забележани на некоја контролна точка мора да достават гпс запис или фотографија или сведоци како доказ дека ја минале.
- Придружување на натпреварувач на трката (пејсмејкер) не е дозволено - дисквалификација.
- Користење ситни кратенки, користење неозначени патеки, пристигнување на контролен пункт од погрешна насока - најмалку 1 час за секоја од неправилностите.
- Сите натпреварувачи мора да се држат до наменски маркираната рута. Секое отстапување (кратење) со употреба на долги кратенки ќе резултира со дисквалификација.
- Фрлање ѓубре на и вон патеката - дисквалификација.
- Користење на превоз за време на натпреварот - дисквалификација.
- Избегнување и непомагање на друг натпреварувач во неволја - дисквалификација.
- Навреда или закана кон организаторот или волонтерите - дисквалификација.
- Продолжување по рутата по истекот на временскиот рок - дисквалификација.
- Учество со туѓ стартен број - дисквалификација.
- Дисквалификацијата може да биде веднаш за време на натпреварот или по откривање на неправилностите и таа може да биде проследена со јавна објава.
ПРИГОВОРИ
- Сите приговори мора да се направат усно во рок од половина час по пристигнувањето на натпреварувачот на целта. Потоа доколку е побарано, приговорот за неправилности на трката мора да се достави и во писмена (електронска) форма и со докази (фотографски материјал, гпс запис или најмалку тројца сведоци).
- За приговорите ќе одлучува директорот на трката или комисија составена од засегнати членови на организаторот. Одлуката ќе биде донесена што е можно поскоро. Против одлуката нема жалба.
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАСТАНОТ ВО ИТНИ ОКОЛНОСТИ (ВИША СИЛА)
- Во случај на откажување на настанот поради законска забрана за спортски настани, сите платени котизации се префрлаат на настанот во следната година. Во овој случај, котизациите за учество не се рефундираат.
ШТО ПЛАЌАМ ПРЕКУ КОТИЗАЦИЈАТА ЗА ТРКАТА?
- Персонализиран стартен број со чип и електронски (дигитален) тајминг
- Брендиран подарок од трката
- Уникатно дизајниран финишерски медал
- Осмислување на привлечна и живописна патека
- Чистење од вегетација и маркирање на маршрутата
- Медицински тимови и спасители во планина за време на настанот
- Храна и пијалоци на освежителните станици, приближно на секои 7 км
- Чување торби со облека на стартовите/целта
- Ваучер за топол оброк на целта
- Трошоци за исхрана и подарок за сите волонтери кои ќе ја поддржат трката
- Превоз на натпреварувачи кои се откажуваат на контролната точка до целта
- Фотографирање и видеообработка на целиот настан
- Обезбедување на сите потребни законски дозволи за одржување на натпреварот
- Изработка на веб-страница, Фејсбук/Инстаграм профил и одржување на информациите во нив
- Креирање на рекламни материјали и визија за промоција на трката и спортот
- И последно, но не и најмалку важно - нашите напори да ги склопиме сите горенаведени во еден супер настан
ПОДИУМИ
Победниците се прогласуваат во три возрасни категории и генерален пласман (возраст на денот на трката).
Категории мажи/жени:
- Јуниор 13-17 години (само за 10км трка)
- Сениор 18+ години (генерален пласман)
- Ветеран 40-49 години
- Мастер 50-59 години
- Гранд мастер 60+ години
- Првите тројца во машка категорија и првите тројца натпреварувачи во женска категорија во генерален пласман добиваат пехари и стокови награди.
- Првите тројца во секоја категорија машки/женски добиваат дипломи. Но, мора да има минимум 5 тркачи за категоријата да биде официјално препознаена. Ова ја вклучува секоја категорија, ако нема доволно за да се формира категорија, тогаш таа категорија ќе испадне.
ОРГАНИЗАТОР
Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка во Халк Банка: 270069272700140
Единствен матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
E-mail: info@trex.mk
Претседател: Жикица Ивановски
Одговорно лице (директор на трка):
Дејан Крле
071 246 423