Детска ТРКА

за НАШИТЕ НАЈМИЛИ КОИ ГИ прават првите чекори во СПОРТОТ

Здраво ДЕЦА!

Сакате да станете планински тркачи?!

Почуствувајте ја магијата на планиското трчање и натпреварувајте се во претстојното издание на Детската трка Водно-Матка Трeилс! Детската трка се одржува во недела, на Средно Водно, во 11:30 часот. Дојдете половина час порано за да го подигнете стартното бројче. 

Сите деца кои ќе учествуваат во Детската трка добиваат подарок од спонзорите како и креативно дизајниран стартен број за чување како сувенир.
После трката ќе има организирано катче со спортски реквизити за занимација на најмалите - топки за спорт, голови за фудбал, пречки за прескокнување итн итн.

Едвај чекаме да им посакаме добредојде на многу мали насмеани лица на стартната линија! 😉

Должини и категории:
4-6 години - 100 метри
7-9 години - 300 метри
10-12 години - 500 метри

Учеството е бесплатно преку пополнување на формуларот на линкот долу. 

Активноста ќе се одржи во соработка со Национална Федерација “Спорт за сите” која дејствува на територија на Македонија со покровителство и поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Федерацијата е создадена со примарна цел подигнување на свеста за потребата од физичка активност на индивидуите во државата и директно вклучување на граѓаните во спортско-рекреативните активности без оглед на пол, возраст, социјална состојба, религиозна или етничка припадност.

06.04.2025, 11:30

ПРИЈАВИ ГО ТВОЕТО ДЕТЕ
СПОНЗОРИ - SPONSORS

vodnomatka@gmail.com

Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка во Халк Банка: 270069272700140
Единствен матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
www.trex.mk
copyright 2017-2024 Здружение ТРЕКС Скопје 
envelope linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram