УЛТРА ТРКА

која води низ најубавите шумски појаси на Водно и во кањонот Матка.

45к / 2,800м+

Водно-Матка Ултра трка е најпредизвикувачката - маратонска - должина од „Водно-Матка Треилс“ и е еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање со должина од 45 километри и висинска разлика од 2800 метри. Трката се одвива во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.
Оваа исконска трка што води угоре-удолу се' до Кањонот Матка и назад е препорачана за искусни ултра-тркачи, со солидна физичка и ментална кондиција за да го завршат овој многу тежок треил предизвик.

06.04.2025, 08:00

Котизација

Пријавувањето се врши единствено тука со пополнување на пријавата на линкот долу, по што, автоматски се праќа генерирана потврда на e-mail адресата наведена во пријавата.
Пријавувањето ќе се смета за комплетирано со успешно извршено плаќање на котизацијата.

ПРОМО

Важи само за првите 20 уплатени котизации.
2500
денари

РЕДОВНА

Редовната цена важи до 09.03.2025
3000
денари

ДОЦНА

Важи од 10.03.2025 до испополнување на квотата.
3500
денари
ПРИЈАВИ СЕ СЕГА

ЧПП

Стартнината обезбедува стартен пакет со брендиран подарок и учество на една од трките на Водно-Матка Треилс. Настанот е организиран според врвни светски критериуми и остварените резултати се меѓународно верификувани од ИТРА кои се бодуваат во Национална лига.

Патеките се исчистени од вегетација и на секои 30 метри во просек има поставено маркација; на секои 5-10км има комплетно опремени освежителни станици; а волонтери, насочувачи, планинско-спасителни тимови и медицинска лица се распределени на клучни места низ целата трка.
СИМНИ GPXПРАВИЛА

Дали треба да носам задолжителна опрема?

Задолжителна опрема нема но силна препорака е секој учесник најмалку со себе да понесе мобилен телефон, астро фолија (или јакна ветровка), бидон за пол'литар вода и силиконска чашка за течности (трката нема пластични/картонски чашки на освежителни станици)!

Дали има висински профил и временски табели од контролните точки на трката?

Годинава се направени измени во рутата односно додадени се нови делчиња кон Горно Соње така што по добиената евалуацијата од ИТРА висинските профили и табелите со времиња ќе бидат објавени.

Како може да се пријавам и платам стартнина?

Пријавувањето се врши единствено на веб страната www.vodnomatka.mk преку успешно пополнување на пријавата за една од трките по што автоматски се праќа генерирана потврда на e-mail адресата наведена во пријавата.
Пријавувањето ќе се смета за комплетирано само по успешно извршено плаќање на стартнината за трката (или со картичка преку сајтот или преку банка со уплатница).

Дали може да се подигне стартното бројче на денот на трката на стартот?

На денот на трката - пред самиот старт - стартен пакет можат да подигнат само оние кои се најавиле преку имејл. Но, исто така, оние кои не се во можност лично да го подигнат стартниот пакет - дозволено е трето лице да го подигне за нив (само со известување-овластување пратено по имеил).

Дали има клубски попусти или бесплатни стартнини?

Групен попуст од 10% од редовната цена важи за 8+ учесници, плаќање на сметка.
Бесплатна стартнина во замена за промоција на трката на социјални мрежи добиваат оние на подиум во 2024, олимпијци, национални атлетски шампиони, натпреварувачи со ITRA Index 750+ (мажи) и 600+ (жени).
СПОНЗОРИ - SPONSORS

vodnomatka@gmail.com

Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка во Халк Банка: 270069272700140
Единствен матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
www.trex.mk
copyright 2017-2024 Здружение ТРЕКС Скопје 
twitterenvelopesun-omoon-o linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram