ДОЛГА ТРКА

низ најубавите шумски појаси на  Водно СО  атрактивни ПАНОРАМИ

32к / 1,700м+

Водно-Матка Долга трка е од „Водно-Матка Треилс“ со должина од 32 километри и 1,680 метри денивелација наменета за секој со редовна било каква физичка активност. Учесниците за време на трките имаат прилика да ги посетат најубавите места на планината Водно и прекрасни места за набљудување на Скопската котлина и планините кои ја опкружуваат — a во далечината и живописниот Шарпланинскиот масив прошаран со остатоците од зимскиот снег.
Тркачите кои се во добра физичка форма ќе уживаат во панорамите за време на оваа средно-лесна планинска трка.

06.04.2025, 9:00

старт
нина

#
ПРОМО ЦЕНА
првите 25!

ПРОМО

#
РЕДОВНА ЦЕНА
---

РЕДОВНА

#
ОД ---
ДО ---

ДОЦНА

ЧПП

Стартнината обезбедува стартен пакет со брендиран подарок и учество на една од трките на Водно-Матка Треилс. Настанот е организиран според врвни светски критериуми и остварените резултати се меѓународно верификувани од ИТРА кои се бодуваат во Национална лига.

Патеките се исчистени од вегетација и на секои 30 метри во просек има поставено маркација; на секои 5-10км има комплетно опремени освежителни станици; а волонтери, насочувачи, планинско-спасителни тимови и медицинска лица се распределени на клучни места низ целата трка.
СИМНИ GPXПРАВИЛА

Дали треба да носам задолжителна опрема?

Задолжителна опрема нема но силна препорака е секој учесник најмалку со себе да понесе мобилен телефон, астро фолија (или јакна ветровка), бидон за пол'литар вода и силиконска чашка за течности (трката нема пластични/картонски чашки на освежителни станици)!

Дали има висински профил и временски табели од контролните точки на трката?

Годинава се направени измени во рутата односно додадени се нови делчиња кон Горно Соње така што по добиената евалуацијата од ИТРА висинските профили и табелите со времиња ќе бидат објавени.

Како може да се пријавам и платам стартнина?

Пријавувањето се врши единствено на веб страната www.vodnomatka.mk преку успешно пополнување на пријавата за една од трките по што автоматски се праќа генерирана потврда на e-mail адресата наведена во пријавата.
Пријавувањето ќе се смета за комплетирано само по успешно извршено плаќање на стартнината за трката (или со картичка преку сајтот или преку банка со уплатница).

Дали може да се подигне стартното бројче на денот на трката на стартот?

На денот на трката - пред самиот старт - стартен пакет можат да подигнат само оние кои се најавиле преку имејл. Но, исто така, оние кои не се во можност лично да го подигнат стартниот пакет - дозволено е трето лице да го подигне за нив (само со известување-овластување пратено по имеил).

Дали има клубски попусти или бесплатни стартнини?

Клубски попуст од 10% од редовната цена важи за 7+ учесници, плаќање на сметка.
Бесплатна стартнина во замена за промоција на трката на социјални мрежи добиваат олимпијци, елитни натпреварувачи со ITRA Index 730+ (мажи) и 575+ (жени), како и инфлуенсери со многу следачи. 

Контактирајте не на имеил vodnomatka@gmail.com

Спонзори / Sponsors

Соработници / Collaborators

vodnomatka@gmail.com

Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка во Халк Банка: 270069272700140
Единствен матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
www.trex.mk
copyright 2017-2024 Здружение ТРЕКС Скопје 
envelope linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram