Водно-Матка Треил Маратон
Водно-Матка Треил Маратонот е поголемата трка од „Водно-Матка Треилс“ и е еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање со должина од 42 километри и висинска разлика од 3100 метри. Трката се одвива во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка – област која изобилува со природни реткости и културни споменици од минатото.
Искористи го промотивниот период кој важи до 31.12.2019! Стартнината со вклучен попуст изнесува 1,200 денари.
ПРИЈАВИ СЕ СЕГАСОГЛАСНОСТ: Со доброволното пријавување, учесникот потврдува дека правилата, прописите, процедурите и обврските се обврзувачки за време на натпреварот. Овие прописи служат за да го направат натпреварот еднаков за сите учесници и не може да се оспорат на суд. Нивното прифаќање и примена е обврзувачко за да се учествува на настанот. Секој учесник е одговорен за техничката исправност на неговата/нејзината опрема и мора да се погрижи дека се во рамките на правилата. Организаторот не презема никаква одговорност при несреќен случај – незгода, лична повреда или материјална штета, кражба или други вид штети!