ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ 23K И 40К

//ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ 23K И 40К

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ 23K И 40К

Почитувани спортисти,

Подолу следат некои мноогу важни работи за претстојниот Водно Матка Планински Маратон 23K:

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ: Во Младинскиот културен центар (МКЦ), сабота 24.03 (09: 30-17:30). Истото ќе може да се направи единствено лично со ИДЕНТИФИКАЦИЈА (лична карта, пасош, возачка дозвола). Пакетите нема да се предаваат на трети лица (познаници, пријатели, роднини).

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА: Носете ја со себе задолжителната опрема! Постои дисквалификација или пенали за предмети кои не ги носите со себе. Проверка ќе биде вршена на и ќе бидете проверени на CP3 Врв Водно (9км)

  1. Водонепропуслива јакна/шушкавец: со ракави со долги ракави
  2. Астрофолија
  3. Мобилен телефон
  4. Ракавици
  5. Капа / Бандана или Балаклава
  6. БИБ број (како што е неведено, видливо закачен на предниот дел од телото)

ПРЕПОРАЧАНА ОПРЕМА: Ве молиме не ги потценувајте временските услови. И покрај тоа што е крајот на март и ќе бидете на 1000 метри, УСЛОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗИМСКИ – КАКО ВО СРЕДИНА НА ЈАНУАРИ! Ве советуваме да бидете целосно покриени со облека и да немате изложени делови од телото.

  1. Долги хеланки или планинарски панталони.
  2. Поларен блузон со долги ракави – волна или полиестер.
  3. Резервна блуза со долги ракави – волна или полиестер.
  4. Челна лампа со резервни батерии.
  5. Шише со вода од секаков вид (меур, шише) со вкупен капацитет од 0,5 литри.
  6. Екстра храна – енергетски барови / чоколади / ореви / сушено овошје итн.
  7. Еластичен завој за прва помош
  8. Ранец
  9. Резервни ракавици и резервна капа / бандана
  10. Крампони за трчање

ОБРОК: Организацијата ќе им обезбеди на учесниците финишерски вегански сендвич. Секој спортист ќе има купон со кој ќе може да го  подигне сендвичот од финиш.

СТАРТ: ПОЛУ МАРАТОН 23К – Во 9:00 часот во неделата утро.

             ВНИМАНИЕ: Часовникот се поместува +1 час во текот на ноќта!

ВРЕМЕ: Прогноза вели дека ќе имаме студено, облачно време со шанси за дожд/снег во попладневните часови и НИСКА ВИДЛИВОСТ. Патеките ќе бидат со снег, влажен снег, кал и некои места може да бидат замрзнати.

ПОМОШНИ СТАНИЦИ: На станиците за окрепа има доволно количини на храна но сепак, земете онолку колку што треба имајќи предвид за другите тркачи.

ДРОП БЕГ: Кесата ќе биде достапна на ФИНИШОТ “Врв Водно”. Дроп-беговите мора да бидат предадени непосредно почетокот на трката, па ве молиме да пристигнете најмалку 30 мин порано. Организацијата обезбедува специфични пластични кеси, во кои натпреварувачите ги оставаат нивните лични работи. Други кеси од оние што се предвидени нема да бидат прифатени! Искористете ја кесата за да ја наполните со комплетна резервна облека за пресоблекување, вкл. чорапи, капа, ракавици, панталони, јакни и чорапи. На целната линија (врвот на Водно ќе биде многу ладна и ветровито). Но, ќе имаме можност да се затоплиме и дружиме во планинарскиот дом „Даре Џамбаз”. Од таму ќе можете да слезете со жичарница, а потоа со автобус, или некој може да ве чека со автомобил во средното Водно (каде што завршува жичарницата), но само по 16:00 часот поради забраната за движење.

МАРКАЦИЈА НА СТАЗАТА: Црвено-бела лента за обележување е стандардна ознака на стазата. Имајте на ум дека густината на маркациите е обратно пропорционална на квалитетот на патеката: тешко видлива патека = густо поставени маркации, добра патека = поретко поставени маркации! Посебна грижа беше дадена за крстосниците и другите критични точки во патеката, за да се направи насока да се најде јасно дури и за почетниците.

ВНИМАНИЕ: Патеката што поминува од КОТА (КАЛЕ – веднаш над кањонот Матка) и води кон CP5 Седло во растојание од 500 метри е многу техничка и ќе биде покриена со снег што ќе ги маскира сите мали карпи! Тој дел е доволен предизвик и во нормални услови. Но, патеката ќе биде уште потешка во очекуваните услови. Овој мал дел од трасата бара СЕРИОЗНА КОНЦЕНТРАЦИЈА И ПОЛНО ВНИМАНИЕ! Бидете многу внимателни. НЕ БРЗАЈТЕ !!! ВНИМАВАЈТЕ НА ВАШЕТО ДВИЖЕЊЕ! Бидете внимателни за падови и виткања на глуждот. Тоа е најоддалечената точка од патеката и е достапна единствено пеш!

ПИЈАЛОЦИ: Сите помошни станици се опремени со вода. Повеќето од нив имаат електролити, кола и храна (чипс, бисквити, ореви, чоколади, сушени и свежи овошја, сирење, салама).

КАШ: Имајте пари (денари) со вас! Можете да купите сок, чај, пиво некои кроасани на крајот во планинарскиот дом. Истотака, тие може да ви послужат доколку се откажете во Матка,  за да си отидете дома со такси (доколку не сакате да го чекате автобусот).

НАГРАДИ: Доделувањето на наградите ќе се одржи во планинарскиот дом по финишот на трката во неделата, во 16:00 часот. Но, поради временските услови, можно е тоа да се помести неколку часа.

ФЕР ПЛЕЈ: Биди спортист, играјте по правилата и не ги оставајте другите учесници доколку им е потребна помош. Бидете водени од правилата и не ги прекршувајте. Трки не се место за неетичко однесување, недостаток на достоинство и почитување на принципите.

ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТРКАТА: Доколку се одлучите да се откажете мора да се пријавите на организаторот. Може да се откажете од трката каде и да чувствувате потреба или доколку сте принудени, но организацијата не нуди услуги за да ве собере од кој било дел од патеката! Каде и да се откажете најдобро е да се вратите на врвот Водно откаде можете се вратите со помош на жичницата (добивате ваучер), а потоа со автобус (број 25). Ако се откажете од било која друга точка во трката, мора да стапите во контакт со волонтерите на контролната точка и да се договорите со нив како да се однесете до финишот или до дома. Ова, се разбира, не е обврска ниту од организацијата ниту од доброволците.

ПОДДРШКА: Поддршка на тркачите може да биде билокаде на патеката! Но бидејќи условите ќе бидат тешки, и од безбедносни причини, подобро е тие да останат околу финишот во Врв Водно (достапно само пеш или жичарница).

ЧИТАЈТЕ: внимателно прочитајте го релевантниот материјал за трката дури сега кога сме неколку дена од самиот почеток. Никогаш не е доцна!

Почитувани спортисти,

Подолу следат некои мноогу важни работи за претстојниот Водно Матка Планински Маратон 40K:

ПОДИГНУВАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ: Во Младинскиот културен центар (МКЦ), сабота 24.03 (09: 30-17:30). Истото ќе може да се направи единствено лично со ИДЕНТИФИКАЦИЈА (лична карта, пасош, возачка дозвола). Пакетите нема да се предаваат на трети лица (познаници, пријатели, роднини).

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА: Носете ја со себе задолжителната опрема! Постои дисквалификација или пенали за предмети кои не ги носите со себе. Проверка ќе биде вршена на и ќе бидете проверени на CP3 Врв Водно (9км)

  1. Водонепропуслива јакна/шушкавец: со ракави со долги ракави
  2. Астрофолија
  3. Мобилен телефон
  4. Ракавици
  5. Капа / Бандана или Балаклава
  6. БИБ број (како што е неведено, видливо закачен на предниот дел од телото)

ПРЕПОРАЧАНА ОПРЕМА: Ве молиме не ги потценувајте временските услови. И покрај тоа што е крајот на март и ќе бидете на 1000 метри, УСЛОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗИМСКИ – КАКО ВО СРЕДИНА НА ЈАНУАРИ! Ве советуваме да бидете целосно покриени со облека и да немате изложени делови од телото.

  1. Долги хеланки или планинарски панталони.
  2. Поларен блузон со долги ракави – волна или полиестер.
  3. Резервна блуза со долги ракави – волна или полиестер.
  4. Челна лампа со резервни батерии.
  5. Шише со вода од секаков вид (меур, шише) со вкупен капацитет од 0,5 литри.
  6. Екстра храна – енергетски барови / чоколади / ореви / сушено овошје итн.
  7. Еластичен завој за прва помош
  8. Ранец
  9. Резервни ракавици и резервна капа / бандана
  10. Крампони за трчање

ОБРОК: Организацијата ќе им обезбеди на учесниците финишерски вегански сендвич. Секој спортист ќе има купон со кој ќе може да го  подигне сендвичот од финиш.

СТАРТ: МАРАТОН 40К – Во 8:00 часот во неделата утро.

ВНИМАНИЕ: Часовникот се поместува +1 час во текот на ноќта!

ВРЕМЕ: Прогноза вели дека ќе имаме студено, облачно време со шанси за дожд/снег во попладневните часови и НИСКА ВИДЛИВОСТ. Патеките ќе бидат со снег, влажен снег, кал и некои места може да бидат замрзнати.

ПОМОШНИ СТАНИЦИ: На станиците за окрепа има доволно количини на храна но сепак, земете онолку колку што треба имајќи предвид за другите тркачи.

ДРОП БЕГ: Кесата ќе биде достапна на ФИНИШОТ “Врв Водно”. Дроп-беговите мора да бидат предадени непосредно почетокот на трката ,па ве молиме да пристигнете најмалку 30 мин порано. Организацијата обезбедува специфични пластични кеси, во кои натпреварувачите ги оставаат нивните лични работи. Други кеси од оние што се предвидени нема да бидат прифатени! Искористете ја кесата за да ја наполните со комплетна резервна облека за пресоблекување, вкл. чорапи, капа, ракавици, панталони, јакни и чорапи. На целната линија (врвот на Водно ќе биде многу ладна и ветровито). Но, ќе имаме можност да се затоплиме и дружиме во планинарскиот дом „Даре Џамбаз”. Од таму ќе можете да слезете со жичарница, а потоа со автобус, или некој може да ве чека со автомобил во средното Водно (каде што завршува жичарницата), но само по 16:00 часот поради забраната за движење.

МАРКАЦИЈА НА СТАЗАТА: Црвено-бела лента за обележување е стандардна ознака на стазата. Имајте на ум дека густината на маркациите е обратно пропорционална на квалитетот на патеката: тешко видлива патека = густо поставени маркации, добра патека = поретко поставени маркации! Посебна грижа беше дадена за крстосниците и другите критични точки во патеката, за да се направи насока да се најде јасно дури и за почетниците.

ВНИМАНИЕ: Патеката која минува низ Матка и се качува нагоре кон планината Водно е стрмена и опасна. Таа е доволен предизвик и во нормални услови но тоа ќе биде дополнителен предизвик во очекуваните временски услови. Патеките ќе бидат изложени на снег, кал, замрзнати на одредени места каде ќе биде потребна сериозна концентрираност и целосно внимание. Ќе имаме планински спасувачки службени, поставени на неколку критични места во Кањонот Матка, кои ќе ги обезбедуваат натпреварувачите, но сепак ВАЖНО Е ДА БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ. НЕ БРЗАЈТЕ !!! Едно лизнување на погрешно место може да донесе страшни последици. Затоа, искачувањето од CP4 Матка до Св.Недела е само во еден правец! Ако почнете да одите и одлучите да се вратите, најдобро е да продолжите нагоре до Св. Недела и да го направите целиот круг – спуштање по таа петека НЕ Е ДОЗВОЛЕНО од организацијата и спасувачките служби!

ПИЈАЛОЦИ: Сите помошни станици се опремени со вода. Повеќето од нив имаат електролити, кола и храна (чипс, бисквити, ореви, чоколади, сушени и свежи овошја, сирење, салама).

10 ЧАСОВИ: Временски лимит на маратонот е 10 часа и истиот нема да биде продолжен поради снегот! Ова е нешто што сериозно треба да се земе предвид и секој да прави пресметки. Временските лимити се тешки дури и во нормални услови. Бидете свесни дека ако пристигнете во станицата CP4 Matka по 13:30 нема да ви биде дозволено да продолжите, бидејќи за кругот CP4 – CP5 e потребно најмалку 1,5 часа! Исто така, ако се вратите во истата станица CP5 Матка по 14:30, дефинитивно ќе добиете DNF.

КАШ: Имајте пари (денари) со вас! Можете да купите сок, чај, пиво некои кроасани на крајот во планинарскиот дом. Истотака, тие може да ви послужат доколку се откажете во Матка,  за да си отидете дома со такси (доколку не сакате да го чекате автобусот).

НАГРАДИ: Доделувањето на наградите ќе се одржи во планинарскиот дом по финишот на трката во неделата, во 18:00 часот. Но, поради временските услови, можно е тоа да се помести неколку часа.

ФЕР ПЛЕЈ: Биди спортист, играјте по правилата и не ги оставајте другите учесници доколку им е потребна помош. Бидете водени од правилата и не ги прекршувајте. Трки не се место за неетичко однесување, недостаток на достоинство и почитување на принципите.

ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТРКАТА: Доколку се одлучите да се откажете мора да се пријавите на организаторот. Може да се откажете од трката каде и да чувствувате потреба или доколку сте принудени, но организацијата не нуди услуги за да ве собере од кој било дел од патеката! Можете да го користите јавниот превоз (бесплатни автобуски линии ЈСП-Скопје со свој број на БИБ) во помошна станица Матка (број 60) и во Врв Водно со жичарница (добивате ваучер), а потоа со автобус (број 25). Ако се откажете од било која друга точка во трката, мора да стапите во контакт со волонтерите на контролната точка и да се договорите со нив како да се однесете до финишот или до дома. Ова, се разбира, не е обврска ниту од организацијата ниту од доброволците.

ПОДДРШКА: Поддршка на тркачите може да биде билокаде на патеката! Но бидејќи условите ќе бидат тешки, и од безбедносни причини, подобро е тие да останат околу финишот во Врв Водно (достапно само пеш или жичарница).

ЧИТАЈТЕ: внимателно прочитајте го релевантниот материјал за трката дури сега кога сме неколку дена од самиот почеток. Никогаш не е доцна!

By | 2018-03-23T10:30:18+00:00 март 23rd, 2018|Новости|0 Comments

About the Author:

000-017   000-080   000-089   000-104   000-105   000-106   070-461   100-101   100-105  , 100-105  , 101   101-400   102-400   1V0-601   1Y0-201   1Z0-051   1Z0-060   1Z0-061   1Z0-144   1z0-434   1Z0-803   1Z0-804   1z0-808   200-101   200-120   200-125  , 200-125  , 200-310   200-355   210-060   210-065   210-260   220-801   220-802   220-901   220-902   2V0-620   2V0-621   2V0-621D   300-070   300-075   300-101   300-115   300-135   3002   300-206   300-208   300-209   300-320   350-001   350-018   350-029   350-030   350-050   350-060   350-080   352-001   400-051   400-101   400-201   500-260   640-692   640-911   640-916   642-732   642-999   700-501   70-177   70-178   70-243   70-246   70-270   70-346   70-347   70-410   70-411   70-412   70-413   70-417   70-461   70-462   70-463   70-480   70-483   70-486   70-487   70-488   70-532   70-533   70-534   70-980   74-678   810-403   9A0-385   9L0-012   9L0-066   ADM-201   AWS-SYSOPS   C_TFIN52_66   c2010-652   c2010-657   CAP   CAS-002   CCA-500   CISM   CISSP   CRISC   EX200   EX300   HP0-S42   ICBB   ICGB   ITILFND   JK0-022   JN0-102   JN0-360   LX0-103   LX0-104   M70-101   MB2-704   MB2-707   MB5-705   MB6-703   N10-006   NS0-157   NSE4   OG0-091   OG0-093   PEGACPBA71V1   PMP   PR000041   SSCP   SY0-401   VCP550