31.03.2024

Стартнина и рокови

Пријавувањето за 2023 е затворено.
Стартнината обезбедува стартен пакет со брендиран подарок и учество на една од трките на Водно-Матка Треил Маратонот. ВМТМ е организиран според врвни светски критериуми и остварените резултати се меѓународно верификувани од ИТРА.

Ова, меѓудругото, значи дека патеките се исчистени од вегетација и на секои 30 метри во просек има поставено маркација; на секои 5-10км има соодветно опремени освежителни станици; а планинско-спасителни тимови и медицинска лица се распределени низ целата трка.

Цени и пријавување

ОТВОРАЊЕ: 01.11.2022
ЗАТВОРАЊЕ: 20.03.2023

Водно ИзиРан 10К

РАНА ПРИЈАВА до 30.11.2022
650
денари
РЕДОВЕН РОК од 01.12.2022
950
денари
ЗАТВОРЕНО

Водно Треил 27К

РАНА ПРИЈАВА до 30.11.2022
1250
денари
РЕДОВЕН РОК од 01.12.2022
1550
денари
ЗАТВОРЕНО

Водно-Матка Треил Маратон 40К

РАНА ПРИЈАВА до 30.11.2022
1750
денари
РЕДОВЕН РОК од 01.12.2022
2250
денари
ЗАТВОРЕНО

ЕЛИТНИ НАТПРЕВАРУВАЧИ / ИНФЛУЕНСЕРИ

Елитните натпреварувачи имаат право на бесплатна стартнина за учество на една од трките на „Водно-Матка Треилс" и тоа врз основа на вредноста на нивниот ITRA Index of performance. Спортисти со ITRA Index 730+ (мажи) и 575+ (жени) мора прво да се пријават во онлајн системот и потоа да го известат организаторот по e-mail на vodnomatka@gmail.com најдоцна до 20 февруари 2023, по што ќе им биде доделен стартен број.

Доколку си голем спортски ентузијаст и влијателен член (инфлуенсер) во планинарско-атлетската заедница и мислиш дека навистина можеш да помогнеш да се рашири низ Македонија и регионот позитивното искуство од учествотото на Водно-Матка, тогаш пиши ни на vodnomatka@gmail.com и раскажи ни за себе.

Процес на пријавување и плаќање

1

НАЈПРВО ПРИЈАВИ СЕ ЗА ЕДНА ОД ТРКИТЕ

Пријавувањето се врши единствено на веб страната www.vodnomatka.mk преку успешно пополнување на пријавата за една од трките по што ќе добиеш автоматски генерирана потврда на e-mail адресата наведена во пријавата.

Пријавувањето ќе се смета за комплетирано само по успешно извршено плаќање на стартнината за трката по што ќе добиеш автоматски генерирана потврда на e-mail адресата наведена во твојата пријава.

2

ОНЛАЈН ПЛАЌАЊЕ СО КРЕДИТНА КАРТИЧКА 

ПРЕКУ ВЕБ СЕРВИСОТ НА ВОДНО МАТКА ТРЕИЛ МАРАТОН – www.vodnomatka.mk
Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка

Напомена: во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување.

3

ПРЕКУ БАНКА НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА

Назив на налогопримач: ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје

Трансакциска сметка: 270069272700140
Банка: Халк Банка
Цел на дознака: Име Презиме [на учесник] Водно-Матка + [должина на трка].

Напомена: во цената не се вклучени банкарските провизии при плаќање преку банка.

Често поставувани прашања

Неколку пати се обидов да платам онлајн и не ми успева. Што да правам?
Ова може да значи една од следниве неколку работи: внесуваш погрешни податоци, картичката ти е истечена, во моментот немаш доволно средства на сметка. Исто така понекогаш се случува твојата банка автоматски да блокира трансакции кон странство односно кон други сервиси за плаќање. Исклучително ретко се случува веб сервисот да е недостапен (да се надградува) тогаш пробај повторно за некој час.   
Се повредив и нема да можам да учествувам! Дали може парите од стартнината да ми ги вратите?
Во случај на нехронична, остео-артикуларна или мускулна повреда здобиена по пријавувањето и несанирана до самата трка, и единствено во оваа ситуација докажана со медицинска документација, организаторот ќе ги префрли средствата за идното издание на „Водно Матка Треилс”. Но исто така можеш на друг да му го препуштиш стартниот број (мора да се пријави посебно до 20.03.2023).
Не ги разбрав брановите на пријавување?
Пријавувањето за сите трки се отвора на 01.11.2022 и се затвора на 20.03.2023.
Рокот за рана пријава со попуст важи од 01.11.-30.11.2022. 
Редовните цени се валидни од 01.12.2022 до 20.03.2022 (ако си пријавен во периодот на рана пријава и не ја платиш стартнината до 30.11.2022, автоматски  се пресметува редовна цена на стартнината после таа дата)
Живеам надвор од Скопје и не сум во можност да дојдам навреме да го подигнам стартниот пакет. Може ли на денот на трката - пред самиот старт?
На денот на трката - пред самиот старт - не може да се подигне стартниот пакет.
Доколку не си во можност лично да го подигнеш стартниот пакет во предвидените термини - дозволено е трето лице да го подигне за тебе, но мора да ни пишеш имејл претходно со име и презиме на тој/таа што ќе го подигне за тебе.
Се пријавив и платив за едната трка но во меѓувреме се предомислив - дали може да се префрлам на другата?  
Префрлање од една во друга трка е дозволено најдоцна до 20.03.2023. Пиши ни на vodnomatka@gmail.com со лични податоци, на која трка си пријавен и на која трка се префрлаш.
За префрлање од подолга на пократка трка, не ја враќаме разликата во стартнината. А обратно, доколку се префрлаш од кратка на долга трка, треба да се доплати разликата од тoа што досега си платил.
Дали ќе добијам парична награда доколку победам на една од трките?
Наградите се доделуваат според дискреција на спонзорите и организаторот и според правилата на ITRA. Не-парични награди ќе им бидат доделени на првите 3 мажи и 3 жени на секоја трка. Секој учесник што ќе ја заврши трката во рамките на максимално предвиденото време ќе добие финишерски медал на целта. Наградите за најдобрите се доделуваат на денот на трката на целта на Средно Водно.

НЕ НАЈДЕ ОДГОВОР НА ТВОЕТО ПРАШАЊЕ?

Пиши ни или јави ни се

vodnomatka@gmail.com+389 71 246 423

Спонзори / Sponsors

Соработници / Collaborators

closealign-leftellipsis-h linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram