Скопје
Градот на кичот и бруталноста.
Колку и да не си го допаѓаме Градот сепак има некои делови од него со кои треба да се гордееме. Скупи. Старата турска чаршија. Модерната брутална архитектура. Плус природата наоколу е прекрасна! Ќе се уверите во тоа.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕСе отвора надворешен линк до друга интернет страница. ВМТМ не одговара за ставовите и мислењата искажани во содржината.
Византиско богатство
Водно-Матка маршрутите минуваат низ предели во кои со векови опстојувале корави луѓе. За нив религијата била еден значаен дел од нивната нарав, за која би сториле се за да ја пренесат на следните поколенија. Токму Водно и кањонот Матка кријат вредни споменици на византиската христијанска култура кои ти ќе ги посетиш за време на трката.
КАЊОН МАТКА
Матка — кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.
Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни.
СВ.АНДРЕЈА, МАТКА
Скриен е меѓу стрмните и високи карпи и претставува еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја. Посветен е на Апостол Андреја. Другиот син на кралот Волкашин, Андреја, ја подигнал оваа црква во 1389 година.
СВ.НЕДЕЛА, МАТКА
Средновековековен православен христијански храм во урнатини, сместен високо во кањонот Матка во месноста Марков Град од левата страна на реката Треска. Оваа црква се смета дека е изградена во XIII или XIV век, истовремено со изградбата на блиските околни цркви и манастири.
СВ. НИКОЛА ШИШЕВСКИ, МАТКА
Манастирот Свети Никола Шишевски, е сместен високо на една зарамнета тераса на карпите, над десниот брег над вештачкото езеро Матка над реката Треска. Постои податок дека црквата била изградена или обновена во 1345 година.
СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН, ГОРНО НЕРЕЗИ
На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата Комнини. Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел. За подигањето на црквата во 1164 година сведочи натписот на мермерниот надвратник.