Сместување 2018-03-07T20:20:24+00:00

СМЕСТУВАЊЕ

Официјално сместување на трката – Водно-Матка Треил Маратон

Комплекс Македонско Село

Патување низ сокаците на македонската историја…

Македонско село е комплекс од хотелскo сместувањe и ресторани, изграден во традиционалниот дух на македонската архитектура од 19тиот и 20тиот век. На површина од 12.000 м2, комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со вкупен сместувачки капацитет од 100 гости.

Лоциран во прекрасната природа на планината Водно која изобилува со густа шума и чист планински воздух, комплексот е препознатлив по својот уникатен шарм и на посетителите им нуди можност да уживаат во традиционалниот амбиент, вкусната храна и бројните активности.


Пријавените натпреварувачи и најблиските што ги придружуваат на настанот „Водно-Матка Треил Маратон” имаат можност да престојуваат во комплексот Македонско Село по промотивна цена:

  • 39 Eвра за 2 лица со вклучен појадок
  • 25 Eвра за 1 лице со вклучен појадок

Во резервацијата наведете ознака – Водно-Матка Маратон – и БИБ број (добиен по успешна регистрација за некоја од трките).

Оддалеченост од старт – 9км по асфалтен пат

Оддалеченост од финиш – 5км по асфалтен пат (од Средно Водно)

Асфалтниот пат Средно Водно – Горно Нерези е затворен за автомобили за време на викенди од 09 – 16 часот.


ГАЛЕРИЈА

Комплексот располага со:

2 x Single room

2 x Twin room

43 x Double rooms

1 x Three bedroom apartment (1 king size, 1 single bed)

1 x Apartment (2 king size, 1 single bed)

Секој апартман располага со:

  • Мини бар
  • Бесплатен безжичен интернет
  • LCD ТВ со бројни интернационални канали
  • Телефон
  • LED осветлување
  • Клима уред со индивидуално подесување
  • Противпожарен аларм
  • Бања со туш кабина
  • Хербална козметика
  • Постелнина од 100% памучен сатен
  • Крпи
  • Папучи
  • Фен за коса
  • Бањарки (достапно на Ваше барање)

Во склоп на комплексот посетителите имаат можност да ги посетат следните уникатни делови:

Храна, пијалок и уживање

Активности

  • Кујунџиската работилница
  • Грнчарството
  • Ткајачницата
  • Винарската визба
  • Етнолошки Музеј

РЕЗЕРВАЦИИ

www.macedonianvillage.mk

е-маил info@macedonianvillage.mk

Телефон +389 72 260 600

Локација: с.Горно Нерези, Скопје

https://goo.gl/maps/Z1RRPiR26S42