Пријавување за настанот
- Пријавувањето на настанот се врши исклучиво онлајн преку интеренет страницата на настанот www.vodnomatka.mk
Пред настанот
- Секој натпреварувач и волонтер ќе добие известување на неговата/нејзината имеил адреса каде што во детали се објаснуваат овие протоколи кои мора задолжително да се применуваат за време на настанот како и општите препораки издадени од страна на Министерството за здравство https://koronavirus.gov.mk/pocetna/zashtita
- Истата содржина (протоколи и препораки за заштита) ќе биде јавно објавена на веб страницата на настанот vodnomatka.mk и на социјалните мрежи Facebook и Instagram на настанот.
- Овие протоколи и заштитни мерки ќе бидат вметнати во официјалните правила и прописи на настанот со акцент дека кон нивното непридржување и непочитување ќе се примени мерката дисквалификација од натпреварот.
Подигнување на стартен број и пакет
- Подигнувањето на стартниот број ќе се врши на 25.-26.03.2021 во трговската продавница СКАУТ во Скопје според определените протоколи при посета на продавници и пазарување во смисла на носење заштитна маска, дезинфекција на раце, одреден број лица во објектот истовремено, негрупирање итн.
- При подигнувањето на стартниот пакет, секој натпреварувач ќе биде усно потсетен и ќе добие испечатен лист во кој овие протоколи и заштитни мерки се опишани.
- Секој натпреварувач и волонтер при подигнувањето на стартниот број потпишува Изјава дека во изминатиот период немал контакт со лица заболени со Ковид-19 и не подлежал на мерки за самоизолација; и дека на ден пред одржување на трката се чувствува потполно здрав, без покачена телесна температура или други симптоми на вирусот; и дека ги прифаќа и ќе ги почитува сите пропишани мерки и протоколи за заштита во текот на натпреварот.
Старт на трките
- Навивачи и публика се забранети.
- Заштитна опрема за волонтери на стартот: заштитни маски за еднократна употреба, медицински ракавици, средство за дезинфекција на раце, средство-течност за дезинфекција на предмети, антибактериски марамчиња.
- Задолжителна заштитна опрема за волонтерите: заштитна маска, ракавици.
- Задолжителна заштитна опрема за натпреварувачите: заштитна маска.
- Групирање најмногу по двајца натпреварувачи и тоа под услов да се од ист дом/семејство.
- Држење меѓусебното растојание од 2 метра.
- Секој натпреварувач доаѓа во зоната на стартот (ул. Салвадор Аљенде и надолу по тротоарот на ул. Тодор Александров), најрано 10 минути, или најдоцна 5 минути пред времето на својот старт кој ќе биде објавен во стартната листа на веб страната. Секој натпреварувач треба да дојде подготвен за трка, облечен во спортска опрема, со поставен стартен број на градите и со заштитна маска на своето лице. Исто така мора и да одржува физичка дистанца од 2 метри од сите присутни во зоната на стартот.
- На стартот ќе бидат поставени 2 оградени зони (на ул.Тодор Александров и Салвадор Аљенде). Во првата зона се прави термален скрининг и доколку се утврди покачена температура на натпреварувачот (поголема од 37.0 целзиусови степени) нема да му се дозволи да стартува и ќе биде замолен да ја напушти трката.
- Први стартуваат 15 најдобро рангирани елитни натпреварувачи во 5 реда по тројца на 2 метра растојание. Веднаш по нив, останатите натпреварувачи, наредени во колони по тројца на 2 метра растојание, во временскиот интервал од 10 секунди на добиен знак од официјалните лица, може да ја стартуваат трката. Секој натпреварувач е должен да ја носи заштитната маска по 100 метра од стартот и потоа може да ја отстрани и да ја чува во себе за користење на следната контролна точка и на целта.
За време на трчањето (трката)
- Дозволено е претекнување на други тркачи.
- Учесниците во трката се замолуваат да внимаваат на другите околу нив односно да не трчаат еден до друг - рамо до рамо и да „не си дишат во врат“ туку на 2 метра минимум.
- Да не трчаат во групи поголеми од двајца односно.
- Да одржуваат задолжително меѓусебно растојание од 2 метра најмалку со другите натпреварувачи и случајните минувачи.
Контролни станици ((1) планинарски дом Даре Џамбаз - Врв Водно, (2) на паркинг пред Св.Пантелејмон - Горно Нерези, (3) пред Кајакарски мост на Матка, (4) во дворот на манастир Св.Никола Шишевски, (5) на пространа ливада над село Св.Петка)
- За време на настанот вдолж маршрутата на трките ќе бидат поставени вкупно 5 контролни станици. На нив (на 2 маси) натпреварувачите ќе можат да се снабдат со вода, пијалоци и висококалорична храна
- Навивачи и публика се забранети, а случајните минувачи ќе се предупредуваат на мерките за заштита и дистанца
- Заштитна опрема на контролни точки: заштитни маски за еднократна употреба, медицински ракавици, средство за дезинфекција на раце, средство-течност за дезинфекција на предмети, антибактериски марамчиња, кујнска хартија, вреќи за сортирање на ѓубре
- Задолжителна заштитна опрема за волонтерите: заштитна маска, ракавици
- Задолжителна заштитна опрема за натпреварувачите: заштитна маска
- Групирање најмногу по двајца натпреварувачи и тоа под услов да се од ист дом/семејство
- Држење меѓусебното растојание од 2 метра
- На секој контролна станица ќе има по најмалку двајца волонтери-редари, кои ќе се погрижат секој натпреварувач да стави маска на 30-тина метри пред контролната (ќе биде поставен знак за маска), ќе му ги дезинфицира рацете, ќе понуди маски за еднократна употреба доколку некој ја загубил својата маска попатно, ќе ги предупредува натпреварувачите да не се групираат повеќе од двајца (да одржуваат растојание од 2 метра), да не се задржуваат на контролната станица и да ја припазат на хигиената на истата
- На 30тина метри од секоја Контролна станица ќе има 4 различни вреќи за ѓубре посебно обележани за фрлање пластика, амбалажа, медицинска опрема (маски и ракавици) и органски отпад
- На одредени контролни точки ќе има лекарската екипа од Црвениот Крст - Скопје доколку му е потребна медицинска помош на некој натпреварувач.
-
Целна рамнина
- Навивачи и публика се забранети.
- Заштитна опрема на целта: заштитни маски за еднократна употреба, медицински ракавици, средство за дезинфекција на раце, средство-течност за дезинфекција на предмети, антибактериски марамчиња, кујнска хартија, вреќи за сортирање на ѓубре.
- Задолжителна заштитна опрема за волонтерите: заштитна маска, ракавици.
- Задолжителна заштитна опрема за натпреварувачите: заштитна маска.
- Групирање најмногу по двајца натпреварувачи и тоа под услов да се од ист дом/семејство.
- Држење меѓусебното растојание од 2 метра.
- При влегувањето во цел, натпреварувачот ги дезифинцира рацете и добива заштитна маска (доколку ја изгубил својата) која треба да ја постави на своето лице, потоа сам си зема шише со вода и окрепна храна (во амбалажа) кои ќе бидат поставени на маса (исто како и на контролните станици), сам си го зема заслужениот медал кој ќе биде поставен на маса, и ја напушта зоната на целта и си заминува дома.
- Доколку му е потребна медицинска помош при влез во целта натпреварувачот треба да ја повика за помош медицинска екипа од Црвен Крст - Скопје која ќе биде стационирана таму за цело време на натпреварот.
- Класична церемонија на прогласување на победници нема да се одржи. Победниците ќе бидат прогласени еден по еден, а наградите и трофеите ќе им бидат врачени на лице место или лично неколку дена по натпреварот или по пошта.
- Надвор од финиш зоната (планинарскиот дом Даре Џамбаз) се замолуваат тркачите да се групираат. Доколку одмараат и се дружат меѓусебно, тоа да го прават на растојание и со заштитна маска.