31.03.2024

Брифинг за трката

Ве молиме внимателно прочитајте ги следниве корисни информации, кои се однесуваат на третото издание на Водно-Матка на 19.07.2020 прилагодени со протоколите за превенција од ковид-19. 

Учеството на Водно-Матка значително може да го зголеми ризикот од заболување со ковид-19. Затоа секогаш и секаде заштити се себеси со носење маска која ги покрива устата и носот и биди на раздалеченост од неколку метри од другите! Со почитување на своето здравје, го зачувуваш здравјето на твоите најблиски! 

Оној натпреварувач кој нема да носи маска и да почитува растојание на задолжителните места - по прв пат ќе биде опоменат, а по втор пат ДИСКВАЛИФИКУВАН! ВООПШТО НЕ НИ ТРЕБА КОВИД КЛАСТЕР НАРЕЧЕН ПО ВОДНО-МАТКА!!!
  1. СТАРТЕН ПАКЕТ подигнување во Скаут Аутдор Шоп (ул.Кирил и Методиј бр.20, Скопје, во зграда на Автoмакедонија, карши Макпетрол дирекција), и тоа во петок 17.07. (16:00-20:00) и сабота 18.07. (10:00-17:30). 
    • Носете маска, држете растојание од 2 метри и дезинфецирајте раце при влез во продавницата! Секој натпреварувач добива 30% попуст на целиот асортиман во Скаут.
    • На самиот старт на трките нема да можете да си го подигнете стартниот пакет. Само во исклучителен случај, може друг да го подигне стартниот пакет за вас во СКАУТ само со претходна најава на имејл vodnomatka@gmail.com, и задолжително прикажување на конфирмацискиот меил за успешно пријавување и плаќање на стартнината и приложување на потпишана Изјава за одговорност од страна на натпреварувачот (ја има на водноматка.мк)

  2. СТАРТовите и на двете трки се кај м.в. Полиција - на ул.Тодор Александров и ил.Салвадор Аљенде, населба Водно. Задолжително носете маска, не се гушкајте и не се групирајте, држете растојание од 2 метра и дезинфицирајте раце и дропбег. 
    • Почеток на трките: Водно-Матка Треил Маратон 42 км во 00часот на полноќ (сабота кон недела). Водно Треил 26км во 05часот во недела наутро. ИЗМЕНИ НА РУТАТА НА ВОДНО ТРЕИЛ!!! Беше 28К сега е 26К и е истата како лани! Види на водноматка.мк за детали и гпс!
    • Заради превенција од ковид-19 дојдете на старт точно 10 минути пред вашето одредено време за старт: подготвени за трка, облечени во спортска опрема, со поставен стартен број на градите, со наполнети бидони, испразнета бешика и со заштитна маска на своето лице.
    • Задолжителна опрема за двете трки:  мобилен телефон со полна батерија, астрофолија или ветровка, чашка или сад за течност, челна ламба за тие на 42км. Препорачуваме да се носат и бидони/шишиња/меур за вода од 0,5 литар и заштита од сонце. 
    • На стартот ќе бидат поставени 2 оградени зони. Во првата зона пристапете со маска на лицето откако ќе ве повикаат по својот стартен број. Ви прават термален скрининг и оној кој има температура над 37.0 ц. степени нема да му се дозволи да стартува. Оваа година како партнери во заштитата на здравјето на нашите учесници, како и почитување на протоколите за заштита од коронавирус ги имаме Дуна. Паметната термална камера Vektor19 со можност за детекција на носење заштитна маска, ќе ни помогне околу сигурноста дека сите учесници се без симптоми на овој невидлив непријател . Повеќе информации за уредот можете да најдете тука.
    • Потоа ги дезинфицирате рацете и оставате дроп-бег ќеса во комбето (и тоа во ќесите исклучиво дадени од организаторот (една во друга бидејќи надворешната ќе ја испрскаме со дезинфект) во кои ќе има место само за еден дуксер/шушкавец и една резервна маица! Ранци и торби нема да се примаат!)
    • Во втората зона, на растојание од 2м и со маска на лицето чекате во колона да стартувате. Веднаш штом стартувавате можете да ја отстраните заштитната маска од лицето ама чувајте ја за користење на следната контролна точка и на целта. Доколку некој од вас доцни на старт, ќе стартува последен.
    • За разлика од минатите години каде имавме масовен старт на трките, оваа година ќе има хронометарски (time trail) старт на двете трки односно ќе стартувате по двајца (на соодветно растојание) според листа со претходно одредени времиња на старт (достапна на водноматка.мк и пратено по маил до секој натпреварувач) на временски интервал од 20 секунди.
    • Официјално време на настанот ќе биде чип времето (официјалното мерење на настанот) а ранкингот ќе биде според најбрзите времиња со одземена разлика од стартовите. Бидејќи нема масовен старт (gun time) рекордите на патеките ќе останат исти т.е. нема да бидат земени во предвид нови најдобри времиња.

  3. ЗА ВРЕМЕ НА ТРКАТА дозволено е претекнување на други тркачи но да се внимава да „не си дишете во врат“ туку на 2-3 метра минимум и не трчајте во групи поголеми од двајца. 
    • Доколку имате потреба да плукнете, исфрлите мрсули од носот и слично - мора да бидете на најмалку 10 метри оддалеченост од другите натпреварувачи, и нишанете вон патеката!
    • Доколку некој натпреварувач има некаков проблем - застанете и помогнете! Ако треба спасителна или медицинска помош Јавете се веднаш на еден од СОС телефоните кои ги пишува на стартниот број.

  4. КОНТРОЛНИ ТОЧКИ: На 30тина метра пред контролната ставете маска на лицето и дезинфицирајте раце. 
    • Храната и пијалоците на контролните точки ќе биде исклучиво спакувани во единечна амбалажа и НЕ СИ ЗЕМАЈТЕ САМИ! Еден по еден ќе бидете услужени од волонтерите - кажете им од што-колку сакате да пиете и јадете и тие ќе ви подадат. 
    • Бидете трпеливи и обзирни кон другите, не се задржувајте и не правете гужва околу масите со намирници. Подолг одмор правете на пооддалечено место од контролната и волонтерите (на 50тина метра на пр.). 
    • Задолжитено е одлагање на ѓубрето во соодветните ќеси за ѓубре (пластика, амбалажа, органско, медицински). Правењето ѓубре во природа значи дисквалификација. Не носење маска на контролна значи дисквалификација.
    • Доколку некој на трката од 42км не го фати лимитот на Матка, поради ковид протоколи организаторот нема да го врати во Скопје туку ќе му викне такси на негов трошок.

  5. ЦЕЛ: Веднаш ставате маска на лице и дезинфицирајте раце. 
    • Волонтери ви оставаат на маса медал, храна, пијалоци и вегански сендвич. Потоа без одолговлекување ја напуштате зоната односно платото на планинарскиот дом. 
    • Доколку ви е потребна медицинска помош, на целта е стационирана екипа на Црвен Крст. 
    • Волонтерите ќе ве упатат кон комбето со дропбегојте, си ја земате ќесата со резервна облека и си заминувате дома! Нема соблекувални - нема јавни тоалети! 
    • Церемонија на прогласување на победници ќе се одржи, меѓутоа истите ќе бидат прогласени еден по еден. 

  6. ЗАМИНУВАЊЕ ДОМА: Жичарата не работи! Секој учесник ќе мора сам пешки да се симне до Средно Водно или Горно Нерези (каде што има пристап со кола/такси) или пак се до доле - до Центар. Прашајте ги волонтерите да ве упатат по кои патеки е најдобро да се симнете според вашите прилики! Временски ќе ви требаат 30мин до Средно/Г.Нерези и 45мин до Полиција.

ВИ ПОСАКУВАМЕ ЛЕСНИ НОЗЕ, УЖИВАЈТЕ ВО ПРИРОДАТА, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19 И НЕКА НАЈДОБРИОТ И НАЈДОБРАТА ОД ВАС ПОБЕДАТ!

Спортски поздрав,
Дејан Крле и Игор Јовановски (директори на трката)
Организациски тим на ТРЕКС
Контакт: 071 246 423 (Дејан) - 070 997 348 (Игор)
vodnomatka@gmail.com - www.vodnomatka.mk
www.facebook.com/vodnomatka

17.07.
16 - 20 часот
SCOUT OUTDOOR SHOP
www.scout.mk
Подигнување стартен пакет
18.07.
10 - 17:30 часот
SCOUT OUTDOOR SHOP
www.scout.mk
Подигнување стартен пакет
19.07.
00 - 00:20
м.в. ПОЛИЦИЈА
Старт на 42км
19.07.
05 - 05:40
м.в. ПОЛИЦИЈА
Старт на 26км
19.07.
05:00
врв ВОДНО
Прв маж на 42км
19.07.
06:30
врв ВОДНО
Прва жена на 42км
19.07.
7:30
врв ВОДНО
Прв маж на 26км
19.07.
8:30
врв ВОДНО
Прва жена на 26км
19.07.
11:00
врв ВОДНО
Последен на 26км
19.07.
12:00
врв ВОДНО
Последен на 42км

Спонзори / Sponsors

Соработници / Collaborators

closealign-left linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram