Пријателите на трејлот
Преку Водно-Матка секогаш се враќа инвестицијата.
Во текот на повеќе од една деценија,ТРЕКС организира неколку независни, непрофитни спортско-рекреативни настани на отворено кои годишно формираат целосен календар на трки во планинско трчање. Преку нив, ТРЕКС создава автентични искуства во уникатна македонска природа како мотивација за себенадминување на луѓе од различни возрасти и разни краишта на светот.
Во 2023 закажани се 4 меѓународни трки во планинско трчање на кои се очекуваат околу 1,300 учесници од 25 држави, помогнати од 150 волонтери и 3,500 навивачи. Нашата целна група се состои од авантуристи на возраст од 35+ години, со високо образование и солидни примања - премиум демографија која демонстрира силна лојалност кон брендови.
Сакате да ни се придружите, но не знаете како? Разгледајте ја маркетинг брошурата на ТРЕКС за 2023 година и повикајте нè.
МАРКЕТИНГ БРОШУРА