Историја
Визуелно потсетување на минатите изданија на Водно-Матка.
ВМТМ 2023
Шестото издание се одржа на 02.04.2023 во одлични временски услови и срдечна дружба со учество на 469 натпреварувачи.
ВМТМ 2022
Петтото јубилејно издание се одржа на 02.04.2022 во одлични услови и забавна атмосфера со учество на околу 447 натпреварувачи.
ВМТМ 2021
Четвртото издание (ковид19) се одржа на 27.03.2021 во предизвикувачки услови, но во маскирана и „позитивна“ атмосфера и со учество на околу 510 натпреварувачи.
ВМТМ 2020
Третото издание (презакажано) се одржа на 19.07.2020 во, за прв пат, ноќни услови, но во маскирана и „позитивна“ атмосфера и со учество на околу 230 претежно домашни натпреварувачи.
РЕЗУЛТАТИ 2020Галерија 2020
Повторно истите две трки лани: Маратон на 42 километри со висинско искачување од 3100 метри; и Полумаратон од 26 километри со 1650 метри висинско искачување.
ВМТМ 2019
Второто издание се одржа на 31.03.2019 во фантастични временски услови, пријателска и позитивна атмосфера и со учество на околу 400 натпреварувачи од 20 држави.
РЕЗУЛТАТИ 2019Галерија 2019
Оваа година учесниците беа дел од две трки: Маратон на 42 километри со висинско искачување од 3100 метри; и Полумаратон од 26 километри со 1650 метри висинско искачување.
ВМТМ 2018
Викендот на 25.03.2018 година градот Скопје, планината Водно и споменикот на природата Матка беа домаќини на првиот планински маратон „Водно-Матка Треил Маратон”. Иако временските услови и состојбата на патеката беа повеќе зимски отколку пролетни, тоа не ги спречи вкупно 315 учесници да се предизвикаат и да уживаат во фантастичната енергија на настанот.
РЕЗУЛТАТИ 2018Галерија 2018
Првото издание се содржеше од: Маратон на 40 километри со висинско искачување од 2800 метри; и Полумаратон од 23 километри со 1400 метри висинско искачување.