fbpx

Volunteer!

Exceptional personal experience that warms your heart!  Join us and bring along your friends or colleagues as a TEAM! 

Unlimited fun - leave your mark on the event! Let's get together and make our society a better place for everyone - volunteer!
REGISTER HERE
Volunteers must be 18 years of age and above. Foreigners are welcomed! If you know English reasonable well - that's more than enough to share the work with us.

Што е волонтерство?

Според Википедија, волонтерството е практика на луѓе кои работат за доброто на останатите, без мотив за каква било финансиска или материјална добивка. Волонтерството, општо земено, се смета за алтруистичка активност, наменета за промовирање општо добро или за подобрување на квалитетот на животот. Луѓето волонтираат и со цел да стекнат вештини без да е потребна финансиска инвестиција од страна на работодавецот.

Дефиниција

Согласно законот, терминот волонтер означува лице кое ги дава своите лични услуги, знаење и вештини, во корист на други лица, организации или институции, доброволно и без надоместок.

Какви вештини се потребни?

Доколку имаш било која посебна вештина како на пример здравствен работник (доктор/сестра/црвен крст обуки), обожуваш да готвиш во природа, си бил извидник или сеуште си дел од некој одред, активно планинариш, возиш теренско возило односно планински велосипед; се занимаваш со аматерска фотографија или едноставно подготвен си секаква работа; извести не со цел најдоброто од тебе да го искористиме.

Убави задачи за убави луѓе

Подолу се само дел од многуте задачи кои треба да се извршат за да настанот помине во совршен ред. Одбери го твојот предизвик!

Логистика пред настан, за време и по настанот

Сакаш да бидеш најдобар волонтер? Распределба на намирници за контролни точки, подготовка на храна, мерење на времето на поминување на некоја зафрлена контролна точка, миење на садовите и бурињата после трка, маркирање и демаркирање и што уште не. Доколку си слободен било кога пред и за време на настанот - пријави се веднаш!
ПРИРАЧНИК ЗА ВОЛОНТЕРИ
Забава без граници - остави свој белег на настанот;
Уникатно доживување кое долго време се помни;
Мултинационално искуство - подмачкај си го англискиот;
Позитивна енергија, милион насмевки и радости;
Брендиран подарок за секој волонтер.

Освежителни станици и контролни точки

На трките во планинско трчање вообичаено има од 5 до 10 освежителни станици (вклучувајќи ги стартовите на секоја трка и целта) и на нив потребни се најголем број од волонтерите. Некои станици се достапни со возило и асфалтен пат, други пак само со џип а до трети може само пешки да се стигне. Ќе сипуваш вода или ќе сецкаш храна или пак ќе ги насочуваш и ќе го забележуваш времето на поминување на тркачите.

Чистење и маркирање на патеките

Во текот на неколку недели пред настанот, секој викенд се организираат акции каде што патеките низ кои што поминуваат трките се чистат од нарасната вегетација, паднати дрвја и фрлено ѓубре. Истовремено се маркираат делумно со пвц црвено-бели ленти. Во текот на последната недела пред трките се поминуваат повторно патеките и се домаркираат со знаменца и ноќна рефлектирачка маркација. Ова е идеален начин да се запознаете со маршрутите доколку на денот на трката сакате да трчате и воедно да придонесете на нашите напори на терен за поставување на патеките!

Медицински лица / спасители

Планинските трки побаруваат силна психо-физичка подготовка за да учесниците успешно ги завршат. Теренот наместа е суров и технички и претставува голема потенцијална опасност кон тркачите. Клучот на нивната безбедност се искусни волонтери со верификувано медицинско искуство/обуки. На секоја освежителна станица ќе има намалку едно медицинско лице кое во најмала рака ќе пружи прва помош на учесниците кои имаат мака.
За време на настанот – низ теренот ќе бидат распределени неколку тима од по 4-5 спасители кои најбрзо што е можно ќе реагираат на итен повик. Меѓутоа, доколку имаш искуство во престој во планина – твојот придонес ќе биде значаен на места каде што професионалната спасителна служба ќе биде најоддалечена.
starcheckclosealign-leftmedkitfort-awesome linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram