Што да кажеме повеќе?!

//Што да кажеме повеќе?!

Што да кажеме повеќе?!

Поклон до земја пред сите храбри девојки и момци што се дрзнаа на екстремни временски и теренски услови да учествуваат на првото издание на Водно-Матка Треил Маратон и Полу-маратон. Па уште и да завршат во временскиот лимит. БРА-ВО!

Вашите оклештени фацки на финишот ни се најголемата награда за сиот вложен труд во организација на настанот.

Силни гушки до сите волонтери кои направија планината да биде питома, пријателска и најважно безбедна за авантура!

И секако благодарност од сѐ срце до сите спонзори, подржувачи и медиуми кои несебично и најдругарски одвоија средства, опрема, намирници и ресурси за да сѐ си биде онака како што треба!

Се гледаме догодина,
Спортски поздрав од тимот на ТРЕКС

By | 2018-03-26T19:47:15+00:00 март 26th, 2018|Uncategorized|0 Comments

About the Author: