Став во однос на градежните активности на Водно

//Став во однос на градежните активности на Водно

Став во однос на градежните активности на Водно

Почитувани,

Здружението за промоција и афирмација на планинското трчање во Македонија – ТРЕКС од Скопје, пролетта 2018 година, во својот репертоар на трки во планинско трчање за прв пат ја одржа трката „Водно-Матка Треил Маратон” што засега претставува единствена трка од ваков размер на планината Водно. Првичната идеја на друштвото беше да се направи еден позитивен и интересен спортски настан во еден од најубавите и чисти региони за рекреација во близина на Скопје.

На првото издание кое се одржа на 25.03.2018 година, учество зедоа 322 натпреварувачи од 15 држави кои трчаа и уживаа во природните убавини на Водно и Матка. И покрај слабите временски услови со снег и ниски температури, настанот помина во фантастично расположение и атмосфера.

Сепак, во периодот што следуваше, исто како и во минатото, сведоци сме на нови градежни активности на Водно кои несомнено влијаат негативно врз повеќе различни аспекти на планината и природата. Во време кога Водно останува едно од последните чисти прибежишта за спорт, рекреација, одмор и чист воздух на Скопје и сите негови граѓани, нашиот тим сака да испрати порака за понатамошно стопирање на сите други градежни активности на планината и заштита на Водно.

Бидејќи сите активности кои ги организира нашето друштво почиваат на начелото да се остави што е можно помал човечки траг во екосферата односно да бидат пријателски настроени кон природата, следната 2019 година, на 31.03.2019, нашето здружение ќе го одржи второто издание на настанот Водно-Матка Треил Маратон со идеја преку настанот да се потенцира важноста на планината Водно во секојдневието на граѓаните на Скопје и Македонија кое е потребно да се заштити од понатамошно градење и узурпирање.

Се надеваме дека ќе имаме уште подобро второ издание по што трката ќе прерасне во една убава спортско-рекреативна традиција и дека на Водно му следи посветла иднина.

Спортски поздрав и се гледаме на Водно напролет,

Тимот на ТРЕКС

By | 2018-12-03T18:07:54+00:00 декември 3rd, 2018|Uncategorized|0 Comments

About the Author:

000-017   000-080   000-089   000-104   000-105   000-106   070-461   100-101   100-105  , 100-105  , 101   101-400   102-400   1V0-601   1Y0-201   1Z0-051   1Z0-060   1Z0-061   1Z0-144   1z0-434   1Z0-803   1Z0-804   1z0-808   200-101   200-120   200-125  , 200-125  , 200-310   200-355   210-060   210-065   210-260   220-801   220-802   220-901   220-902   2V0-620   2V0-621   2V0-621D   300-070   300-075   300-101   300-115   300-135   3002   300-206   300-208   300-209   300-320   350-001   350-018   350-029   350-030   350-050   350-060   350-080   352-001   400-051   400-101   400-201   500-260   640-692   640-911   640-916   642-732   642-999   700-501   70-177   70-178   70-243   70-246   70-270   70-346   70-347   70-410   70-411   70-412   70-413   70-417   70-461   70-462   70-463   70-480   70-483   70-486   70-487   70-488   70-532   70-533   70-534   70-980   74-678   810-403   9A0-385   9L0-012   9L0-066   ADM-201   AWS-SYSOPS   C_TFIN52_66   c2010-652   c2010-657   CAP   CAS-002   CCA-500   CISM   CISSP   CRISC   EX200   EX300   HP0-S42   ICBB   ICGB   ITILFND   JK0-022   JN0-102   JN0-360   LX0-103   LX0-104   M70-101   MB2-704   MB2-707   MB5-705   MB6-703   N10-006   NS0-157   NSE4   OG0-091   OG0-093   PEGACPBA71V1   PMP   PR000041   SSCP   SY0-401   VCP550