Правила 2018-03-19T12:31:29+00:00

ПРАВИЛА И ПРОПИСИ

Прочитај ги внимателно и вежбај ги – оти ќе испрашуваме на контролните точки! 😉


Здружение за спортови во природа „ТРЕКС” и ПСД „Макпетрол“ ја организираат тркатa во планинско трчање Водно Матка Треил Маратон.

Водно Матка Треил Маратон (ВМТМ) е еднодневен настан каде централно внимание заземаат две трки во планинско трчање кои се одвиваат во околината на градот Скопје – на планината Водно и во кањонот Матка. Оваа област изобилува со природни убавини и културни споменици од минатото. Настанот има цел да биде најголемата трка во планинско трчање во Македонија.

Сите трки започнуваат во Скопје, во наслебата Водно од местото викано Полиција – за 2018 година предвидени се две трки со различни дистанци:

  • Водно Матка Треил (Планински) Маратон: 40 километри 2800 метри денивелација, старт 25.03.2018 во 08:00 часот по локално време, 2 бодови за УТМБ – Ултра Треил ду Мон Блан – Верификувано од ITRA
  • Водно Матка Треил Полумаратон: 23 километри 1400 метри денивелација, старт 25.03.2018 во 09:00 часот по локално време, 0 бодови за УТМБ – Ултра Треил ду Мон Блан – Верификувано од ITRA.
  • Трката е отворена за секого, мажи и жени, над 18 години старост. Учесниците кои имаат од 16 до 18 години може да учествуваат со писмена дозвола од родител само на трката од 23 километри. Учесниците кои имаат под 16 години не може да учествуваат на ниедна трка;
  • Учеството на трката е на лична одговорност и организаторот не презема никаква одговорност во случај на повреда, несреќен случај или смрт;
  • Секој учесник е лично одговорен за своите постапки на и околу патеката, особено при прекршување на законите на Република Македонија;
  • Од учесниците се бара да бидат комплетно свесни за должината и карактеристиките на трката и да бидат целосно психофизички подготвени за истата;
  • Од учесниците се бара да имаат стекнато способности и вештини за самоодржување во планински услови, справување со промени во микроклимата (дожд, магла, ветер, снег, темница, ниски и високи температури);
  • Од учесниците се бара да можат да се справат со изолација, физички и ментални проблеми, дигестивни тегоби, болка во локомоторниот систем;
  • Од учесниците се бара да бидат целосно свесни дека не е должност на организаторот да помага во справување со претходно набројаните проблеми и тегоби;
  • Со самото пријавување на трката секој натпреварувач во електронската форма за пријавување потврдува дека е свесен за опасностите од натпревар во природа и го презема ризикот врз себе.

Доброволното пријавување и потоа учество во една од трките „Водно Матка Треил Маратон” укажува дека натпреварувачот е запознаен со овие правила и дека се согласува и во целост ги прифаќа правилата и прописите изложени во овој текст.

Под поимот „самостојност” се подразбира способноста на учесникот во речиси целиот дел на трката да зависи сам од себе. Освен за храна и за пијалоци, ова важи и за облека и опрема, што го прави учесникот способен за да се адаптира на околината (невреме, повреди, итн.).

На одредени контролни точки може да добијат храна и вода од организаторите на трката, но меѓу овие точки, учесникот треба да биде во можност да зависи од својата опрема, храната и пијалоците кои ги носи со себе, подготвеноста и издржливоста. Бидејќи трките се одвиваат во природа и на планина, натпреварувачите треба да имаат искуство да се прилагодат на условите на природата, на неочекувани промени на временските услови, дожд, грмотевици, средба со животни.

Организаторот ќе ја обележи патеката на соодветен начин (подробности во делот МАРКАЦИИ НА ПАТЕКИТЕ) за да нема случаи на губење, но секако дека и натпреварувачите треба да имаат минимум чувство за ориентација во природа.

Медицинска помош и екипи на Црвен Крст ќе бидат обезбедени по текот на патеката во случај на итност. Во случај на повреда или на друга неопходност, натпреварувачите ќе треба да се јават на предвидените телефони на организаторот запишани на стартниот број, а доколку се најдат на терен каде нема телефонски сигнал, да ја пренесат пораката до првата следна контролна точка – за да може што побргу да се интервенира.

На секоја контролна точка организаторот ќе има обезбедено основен сет за прва помош (завој, фластер, бетадин, основни лекови) кој ќе биде достапен за тркачите од страна на волонтерите.

Со самото пријавување на трката секој натпреварувач во електронската форма за пријавување потврдува дека е свесен за опасностите од натпревар во природа и го презема ризикот врз себе. Организаторот ќе стори се за да се намалат ризиците, но затоа и ги молиме натпреварувачите да ги следат нашите совети и препораки:

  • Препорачуваме секој натпреварувач да поседува осигурување од повреда кое би го покривало при повредувањето на ваков спортски натпревар.
  • Ги советуваме сите натпреварувачи редовно да си ја следат здравствената состојба и препорачуваме да направат стрес-тест месец или два пред натпреварот за да си го утврдат степенот на физичка подготвеност за ваков тип на натпревари каде се бара голема издржливост.

Со цел да се сочува безбедноста и здравјето на натпреварувачите, контролорите и медицинските екипи на контролните точки имаат овластување да ги сопрат и исклучат од трката оние натпреварувачи за кои ќе оценат дека веќе не се во состојба да ја продолжат трката. Во секој случај, натпреварувачите се задолжени да ги следат инструкциите од контролорите и од медицинските екипи. Секое непочитување на овие инструкции ќе доведе до дисквалификација на натпреварувачот, а доколку истиот одлучи да продолжи по секоја цена, организаторот не презема никаква одговорност за можните несакани последици.

Секој натпреварувач што има некаква болест или состојба го советуваме да се консултира со специјалист за дозвола за учество на натпреварите и за својата здравствена состојба задолжително да го извести организаторот на трката.

Пријавувањето за трките ќе биде отворено на 15.01.2018 и ќе трае до 11.03.2018!

Цени и бранови за пријавување:

ТРКА



Рана пријава
15.01 - 11.02.2018
Доцна пријава
12.02 - 11.03.2018
Краен рок (без подарок од организаторот)
12.03. – 25.03.2018
Водно-Матка Треил Маратон 40К900 денари1200 денари1200 денари
Водно-Матка Треил Полу-маратон 23К600 денари900 денари900 денари

Наплата на стартни пакети:

  • ОНЛАЈН – ПРЕКУ СЕРВИСОТ НА ВОДНО МАТКА ТРЕИЛ МАРАТОН
  • ОФЛАЈН – НА ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА:Назив на налогопримач : ТРЕКС
    Адреса : Сава Ковачевиќ 47/3-54 1000 Скопје
    Трансакциска сметка : 270069272700140
    Банка : Халк Банка
    Цел на дознака : Име и презиме на тркачот
    Повикување на број: VM23 или VM40 (во зависност од трката)
    * Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка

* Онлајн плаќањето се врши преку сигурносниот “3D Pay” систем на Халк Банка

**Напомена – во онлајн наплаќањето ќе биде пресметана провизија од 4% за банкарски трошоци и одржување

***Напомена – во цената не се вклучени банкарските провизии при ОФЛАЈН плаќање

Стартниот пакет содржи:

  • Стартен број со име и презиме на натпреварувачот
  • Храна и пијалоци во текот на трката
  • Финишерски медал
  • Онлајн диплома
  • Подароци од партнерите на трката
  • ВМТМ брендиран подарок од организаторот
  • Учество на еден уникатен спортски настан под отворено небо

Максимален број на учесници

  • ВМТМ 40К – 200
  • ВМТМ 23К – 300
  • За откажување до 15.02.2018 следува рефундирање на 50% од средствата.
  • За откажување по 15.02.2018 не следува рефундирање на средства.

Доколку трката се откаже поради фактори надвор од контрола на организаторот, до 30 дена пред настанот, следува рефундирање на 50% од средствата. Оваа сума е пресметана заради делумно покривање на веќе вложените средства на организаторот.

Доколку трката се откаже или прекине поради атмосферски фактори или било какви фактори надвор од контрола на организаторот (vis major), не следува рефундирање на средства.

Откажување поради повреда

Во случај на нехронична, остео-артикуларна или мускулна повреда здобиена по регистрацијата и несанирана до самата трка, и еднинствено во оваа ситуација, организаторот ќе ги префрли средствата за идното издание на „Водно Матка Треил Маратонот”.

Сите пријавени натпреварувачи за двете трки од едицијата „Водно Матка Треил (Планински) Маратон 2018” ќе бидат класифицирани во следните возрасни и полови категории:

  • Сениори – (18-50) години – Мажи (М);
  • Сениори – (18-50) години – Жени (F);
  • Ветерани – (50+) години – Мажи (М);
  • Ветерани – (50+) години – Жени (F);

Финалното рангирање на учесниците е во генерален пласман, категорија Мажи (М) и категорија Жени (F).

Настанот не доделува парични награди за најдобрите учесници. Учесниците кои завршуваат на првите три места на одделните трки ќе бидат наградени со уникатен трофеј, подароци од спонзорите на настанот и диплома.

Дополнително, одличје ќе добијат и најдобрите тројца учесници во категорија Ветерани (50+) како и најмладиот и најстариот учесник на настанот.

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА опрема со себе во текот на целата трка. Организаторот има право да направи проверка на некоја од контролните точки (или на ненагласена контролна точка) и доколку некој од натпреварувачите не поседува дел од оваа опрема ќе биде дисквалификуван од трката.

Опремата која е наведена како ПРЕПОРАЧАНА нe е задолжителна да се поседува во текот на трката, но истата е многу веројатно дека ќе ви се најде во специфични услови па затоа е наведена од страна на организаторот.

Организаторот го задржува правото да ја измени или надополни листата со задолжителна опрема во зависност од временската прогноза и условите на теренот. Учесниците навремено ќе бидат известени од страна на организаторот пред почетокот на трката.

Употребата на планинарски стапчиња е дозволена и ако учесникот одлучи да ги користи мора да ги има со себе за време на целата трка.

Задолжителна опрема

  • Стартен број закачен на предниот дел од телото и целосно видлив
  • Шушкавец или астро фолија
  • Мобилен телефон – со полна батерија

Препорачана опрема

  • Сад за течност со волумен од најмалку 0,5 литри
  • Капа/ бандана и ракавици
  • Енергетски чоколатца или слична храна
  • Планинарски стапчиња
  • Прва помош (ханзапласт, еластичен завој)
  • Челна ламба за оние кои ќе финишираат меѓу последните – на самрак.

Секој учесник на трките на Водно Матка Треил Маратон ќе биде обезбеден со торба/кеса (од организаторот) која заедно со неговите најпотребни работи и уредно означена (маркација обезбедена од организаторот) пред стартот ќе може да ја остави кај организаторите и ќе му биде достапна на целта на трката – на врвот Водно.

На крајот од трката натпреварувачите ќе можат да си ги подигнат своите торби (drop-bags) од целната рамнина единствено со покажување на својот стартен број.

Доколку никој не се појави за да си ја земе торбата во рок од 7 дена по завршувањето на трката, истиот ќе биде подложен на уништување поради хигиенски причини.

Контролните точки се места на кои се бележи времето на пристигање на натпреварувачот  – истото се прави од некој од волонтерите. Појавувањето и забележувањето на контролните точки на тркачите е задолжително. Секој што нема да се појави на некоја од контролните точки ќе биде дисквалификуван од трката (нагласено во делот ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА И ПЕНАЛИ).

Некои од контролните точки се воедно и освежителни пунктови на кои тркачите (со стартен број) ќе имаат можност да добијат храна (овошје, благи работи, сол итн.), вода и други пијалоци за освежување.

Контролни точки на ВМТМ 40К (Маратон)

Контролна точкаОсвежи-
телна точка
ЛокацијаОсвежувањеВкупно километриKm до следната КТD+ до следна КТ метриВкупно D+ метриD- до следна КТ метриВкупно D- метриВреме првВреме последенВременски лимит
ЦЕЛВрв Водно (Крстовар)Вода, електролити, храна, топол оброк, прва помош39.92860212012:4818:0018:00
СТАРТ/Полиција (нас. Водно)/02.7290015008:0008:00
КТ1/Средно Водно/2.72.128290671508:1708:35
КТ2ОТ1Марково КрувчеВода и електролити4.83.8516318248208:2708:55
КТ3ОТ2Врв Водно (Крстовар)Вода, електролити, храна, прва помош8.64.46683421310608:5710:05
КТ4ОТ3СедлоВода, електролити, храна, прва помош13.06.521690082031909:2010:45
КТ5ОТ4Кајакарски мостВода, електролити, храна, прва помош19.56.34751116470113910:0212:10
КТ6ОТ5Кајакарски мостВода, електролити, храна, прва помош25.82.2246159147160910:5014:0014:30
КТ7ОТ6Св.Никола ШишевскиВода и електролити28.04.85021837110165611:1214:50
КТ8ОТ7СедлоВода, електролити, храна, прва помош32.84.2282339313176611:5816:10
КТ9ОТ8Македонскo село (Г.Нерези)Вода, електролити, храна, прва помош37.02.9493236741207912:2016:50

Контролни точки на ВМТМ 23К (Полумаратон)

Контролна точкаОсвежи-
телна точка
ЛокацијаОсвежувањеВкупно километриKm до следната КТD+ до следна КТ метриВкупно D+ метриD- до следна КТ метриВкупно D- метриВреме - првВреме - последенВременски лимит
ЦЕЛВрв Водно (Крстовар)Вода, електролити, храна, топол оброк, прва помош23.5142368011:1516:0016:00
СТАРТ/Полиција (нас. Водно)/02.7290015009:0009:00
КТ1/Средно Водно/2.72.128290671509:1409:40
КТ2ОТ1Марково КрувчеВода и електролити4.83.8516318248209:2510:15
КТ3ОТ2Врв Водно (Крстовар)Вода, електролити, храна, прва помош8.64.46683421310609:5011:15
КТ4ОТ3СедлоВода, електролити, храна, прва помош13.06.430790031531910:1212:00
КТ5ОТ4СедлоВода, електролити, храна, прва помош19.44.121612074663410:5014:30

ВМТМ 40К

  • Прв временски лимит е контролната CP6 Кајакарски мост (26км од трката) со 6,5 часа по стартот од трката (25.03.2018 14:30 часот по локално време).
  • Временскиот лимит за финиширање на трката е 10 часа по стартот (25.03.2018 18:00 часот по локално време).

Единствено на контролните точки КТ1, КТ3, КТ5, КТ6, КТ9 ќе биде обезбеден превоз до центарот на градот (автобуси и жичара) за сите оние кои не се во можност да ја продолжат трката или пак не успеале да го фатат временското ограничување (time limit) означен од организаторот во табелите со контролни точки.


ВМТМ 23К

  • Временскиот лимит за финиширање на трката е 7 часа по стартот (25.03.2018 16:00 часот по локално време).

Единствено на контролните точки КТ1 и КТ3 ќе биде обезбеден превоз до центарот на градот (автобуси и жичара) за сите оние кои не се во можност да ја продолжат трката или пак не успеале да го фатат временското ограничување (time limit) означен од организаторот во табелите со контролни точки.

Официјално обележување на сите патеки од настанот Водно Матка Треил Маратон се сметаат црвено-бели ленти кои ќе бидат поставени на соодветна раздалеченост за натпреварувачите да немаат поголеми проблеми со ориентација. Последните 5 км од патеката на 40K ќе бидат обележани со рефлектирачка маркација која ќе овозможува полесно забележување на истата на зајдисонце.
Дозволена е, и се препорачува употреба на GPS приемници – на веб-страницата на трката https://vodnomatka.mk ќе биде достапен фајл за симнување на патеките од трките – така натпреварувачите ќе имаат дополнителна сигурност при ориентација во природата.
Доколку некој од натпреварувачите продолжи во дел кој нема видлива маркација, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се вратат до последната точка каде што имало маркација.

Со прифаќање на овие правила и прописи секој натпреварувач се откажува од своите права врз официјалните фотографии на настанот. Сите официјални фотографии на настанот се сопственост на организаторот и истите не смеат да се користат, преземаат и експлоатираат без претходно одобрение. Организаторот го задржува правото фотографиите да бидат користени за потребите на истиот.

„Водно Матка Треил Маратон” трките ќе бидат еколошки одговорни трки, односно настани. Се апелира на сите натпреварувачи, контролори и волонтери како и до публиката, крајно внимателно да се однесуваат кон природата и да не ја загадуваат, а забележениот отпад да го отстранат.

Секој што ќе биде фатен како ја загадува природата со отпадоци ќе биде соодветно казнет. Натпреварувачите кои за свои потреби ќе направат некој отпад се должни да го понесат со себе и да го остават на следната контролна точка во предвидените вреќи за отпадоци.

Да се обидеме со нашето однесување да бидеме пример за останатите и да придонесеме нашата природа што подолго да остане чиста и незагадена – за нас и за идните генерации.

Организаторот има право да го дисквалификува натпреварувачот во следните ситуации:

  • натпреварувачот не е регистриран на една или повеќе контролни точки;
  • крати во текот на трката;
  • користи транспорт за време на трката;
  • натпреварувачот се противи на проверките од страна на организаторот за време на трката;
  • не ја поседува задолжителната опрема или одбива да ја покаже на евентуална проверка од страна на волонтерите;
  • непочитување на наредба на надлежно лице – контролор, медицинска помош, организација.

Организаторот има право да го казни натпреварувачот со додавање на 1 час во неговото/нејзиното вкупно време во следните ситуации:

  • е забележан како фрла отпадоци на патеката;
  • доколку не помогне на натпреварувач кој има потреба од помош.

Казната во дополнително време може да влијае на крајниот резултат на натпреварувачот – тој да „падне“ неколку места во генералниот пласман или да биде дисквалификуван бидејќи вкупното време може да го надмине временскиот лимит на трките.

Организаторот го задржува правото да ја модификува и промени стазата на трката, контролните точки и времето на старт на трката во било кое време поради објективни причини.

Доколку се случат непосакувани временски услови (можност од грмотевици и невреме) и можност за несакани последици од лоши метеоролошки влијанија организаторот може во било кој дел да ја промени или откаже трката.

Стартот на трката исто така може да биде поместен за неколку часа поради непосакувани метеоролошки услови, вклучувајќи и прогноза за многу високи температури.

ПРОГРАМА
ПРАВИЛА
ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ
ВОДИЧ ЗА ТРКАЧИ

000-017   000-080   000-089   000-104   000-105   000-106   070-461   100-101   100-105  , 100-105  , 101   101-400   102-400   1V0-601   1Y0-201   1Z0-051   1Z0-060   1Z0-061   1Z0-144   1z0-434   1Z0-803   1Z0-804   1z0-808   200-101   200-120   200-125  , 200-125  , 200-310   200-355   210-060   210-065   210-260   220-801   220-802   220-901   220-902   2V0-620   2V0-621   2V0-621D   300-070   300-075   300-101   300-115   300-135   3002   300-206   300-208   300-209   300-320   350-001   350-018   350-029   350-030   350-050   350-060   350-080   352-001   400-051   400-101   400-201   500-260   640-692   640-911   640-916   642-732   642-999   700-501   70-177   70-178   70-243   70-246   70-270   70-346   70-347   70-410   70-411   70-412   70-413   70-417   70-461   70-462   70-463   70-480   70-483   70-486   70-487   70-488   70-532   70-533   70-534   70-980   74-678   810-403   9A0-385   9L0-012   9L0-066   ADM-201   AWS-SYSOPS   C_TFIN52_66   c2010-652   c2010-657   CAP   CAS-002   CCA-500   CISM   CISSP   CRISC   EX200   EX300   HP0-S42   ICBB   ICGB   ITILFND   JK0-022   JN0-102   JN0-360   LX0-103   LX0-104   M70-101   MB2-704   MB2-707   MB5-705   MB6-703   N10-006   NS0-157   NSE4   OG0-091   OG0-093   PEGACPBA71V1   PMP   PR000041   SSCP   SY0-401   VCP550