Опрема 2018-03-19T12:31:57+00:00

ОПРЕМА


Задолжителна опрема

  • Стартен број закачен на предниот дел од телото
  • Шушкавец или астро фолија
  • Мобилен телефон – вклучен – на тивко – со полна батерија

Натпреварувачите се должни да ја носат ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА опрема со себе во текот на целата трка. Организаторот има право да направи проверка на некоја од контролните точки (или на ненајавена контролна точка) и доколку некој од натпреварувачите не поседува дел од оваа опрема ќе биде дисквалификуван од трката.


Препорачана опрема

  • Сад за течност со волумен од најмалку 0,5 литри
  • Капа/ бандана и ракавици
  • Енергетски чоколатца или слична храна
  • Планинарски стапчиња (ако учесникот одлучи да ги користи мора да ги има со себе за време на целата трка)
  • Прва помош (ханзапласт, еластичен завој)
  • Челна ламба за оние кои ќе финишираат меѓу последните – на самрак.

Опремата која е наведена како ПРЕПОРАЧАНА нe е задолжителна да се поседува во текот на трката, но истата е многу веројатно дека ќе ви се најде во специфични услови па затоа е наведена од страна на организаторот.


Напомена: Организаторот го задржува правото да ја измени и надополни листата со задолжителна опрема во зависност од временската прогноза и условите на теренот. Учесниците навремено ќе бидат известени од страна на организаторот пред почетокот на трката.

ПРОГРАМА
ПРАВИЛА
ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ
ВОДИЧ ЗА ТРКАЧИ