Опис 40К 2018-03-23T22:48:28+00:00

Водно Матка Треил Маратон 40К

Настан: Водно-Матка Треил (Планински) Маратон

Тип: Активности во природа / Трчање по планински патеки

Карактер: Меѓународен

Локација: Планина Водно – Кањон Матка

Дата: 25 Март 2018 (08:00 ч.)

Традиција: 2018 – прво издание

Организатор: Здружение за спортови во природа ТРЕКС

ITRA Бодови: 2 | Mountain points: 8 | Официјален линк на трката (ITRA) 

Должина: 39.9 km | Искачување: 2860 m | Симнување: 2120 m | Временски лимит: 10 часa

Највисока точка: 1060 m | Средна висина: 684 m | Најниска точка: 294 m | Најголемо искачување: 570 m | Најголемо симнување: 770 m

Опис

Стартот на трките е планиран на 25.03.2018, 08:00ч. на паркингот пред местото т.н. Полиција на ул.Тодор Александров. Стазата води по планинарска патека до Средно Водно од каде што преку Трим патеката што води до Марково крувче се искачува до врвот Крстовар (највисока точка 1066 мнв). Оттаму, преку сртот на планината стазата води до втората највисока точка врвот Кале (Кота).

На ова место стазите се раздвојуваат и полумаратонците се враќаат кон врвот Крстовар по друга патека каде што целта е заедничка за двете трки.

А тие пак што трчаат на маратонската трка се спуштаат долу во кањонот Матка и преку кајакарското мовче, покрај браната, црквата Св.Андреја, се искачуваат кон црквата Св.Недела (Марков град) па преку манастирите Св.Спас и Св.Богородица Пречиста повторно се враќаат на кајкарското мовче. Оттаму преку манастирот Св. Никола Шишевски се искачуваат на сртот на Водно и се спуштаат кон мансатирот Св.Пантелјмон и низ комплексот Македонски село во Горно Нерези и финишираат на врвот на Водно во Планинарски дом Даре Џамбаз.

На патеката ќе бидат поставени вкупно 9 контролни и 8 освежителни точки на кои учесниците ќе можат да си ги обноват резервите со вода и да се напијат сок, електролитен пијалок и да јадат колачи и овошје. На сите точки официјална лица ќе го регистрираат времето на поминување на учесниците а воедно секој кој има потреба од помош може да се обрати на организаторите.

Рокови и цени за пријавување

ТРКА



Рана пријава
15.01 - 11.02.2018
Доцна пријава
12.02 - 11.03.2018
Краен рок (без подарок од организаторот)
12.03. – 25.03.2018
Водно-Матка Треил Маратон 40К900 денари1200 денари1200 денари
Водно-Матка Треил Полу-маратон 23К600 денари900 денари900 денари

податоциТЕ

Контролна точкаОсвежи-
телна точка
ЛокацијаОсвежувањеВкупно километриKm до следната КТD+ до следна КТ метриВкупно D+ метриD- до следна КТ метриВкупно D- метриВреме првВреме последенВременски лимит
ЦЕЛВрв Водно (Крстовар)Вода, електролити, храна, топол оброк, прва помош39.92860212012:4818:0018:00
СТАРТ/Полиција (нас. Водно)/02.7290015008:0008:00
КТ1/Средно Водно/2.72.128290671508:1708:35
КТ2ОТ1Марково КрувчеВода и електролити4.83.8516318248208:2708:55
КТ3ОТ2Врв Водно (Крстовар)Вода, електролити, храна, прва помош8.64.46683421310608:5710:05
КТ4ОТ3СедлоВода, електролити, храна, прва помош13.06.521690082031909:2010:45
КТ5ОТ4Кајакарски мостВода, електролити, храна, прва помош19.56.34751116470113910:0212:10
КТ6ОТ5Кајакарски мостВода, електролити, храна, прва помош25.82.2246159147160910:5014:0014:30
КТ7ОТ6Св.Никола ШишевскиВода и електролити28.04.85021837110165611:1214:50
КТ8ОТ7СедлоВода, електролити, храна, прва помош32.84.2282339313176611:5816:10
КТ9ОТ8Македонскo село (Г.Нерези)Вода, електролити, храна, прва помош37.02.9493236741207912:2016:50

Стаза

GPX
Правила
Програма