За планинското трчање 2018-03-07T20:15:42+00:00

ЗА ПЛАНИНСКОТО ТРЧАЊЕ

Трчање во планина (Trail running, Mountain running, Fell running, Ultramarathon running) е организиран спорт кој се состои од трчање или пешачење по обележани (маркирани) планинарски патеки. Се разликува од трчањето по асфалт (низ град, по улица) или тартан (на атлетска стаза) по тоа што генерално, се трча по планинарски патеки и шумски патишта, низ ридско-планински терен каде што се прават поголеми искачувања и спуштања во смисла на денивелација.

Должините на трките може да варираат од 5 km до 100 милји (160 km) и повеќе. Многу познати трки кои изискуваат долготрајни подготовки се и трки каде што учествуваат елитни натпреварувачи (од светски ранг) и имаат ултрамаратонска должина од 160км со вкупна денивелација од 10,000 метри (за споредба Полиција – Врв Водно е 5 км со 800 м денивелација). Но не секоја трка може лесно да се спореди со друга бидејќи релјефот, теренот т.е. подлогата, временските услови и други фактори значително влијаат секое трчање да претставува уникатно искуство.

На секои 5км до 15км во текот на секоја трка а во зависност од нејзината должина и тежина, се поставуваат Окрепни станици кои ги снабдуваат тркачите со храна и течности. На овие станици (истовремено се нарекуваат и Контролни Точки) има и официјални лица задолжени од организаторот да го мерат времето на поминување но и медицински лица, спасители во планина, физиотерапевти и секако навивачи – публика од локалното население и пријателите на самите учесници.

Повеќето трки се состојат од една етапа односно времето на учесниците се мери постојано од старт до цел вклучувајќи ги паузите што се прават на окрепните станици. Временските лимити за некои од најдолгите трки изнесуваат и до 40 часа. Меѓутоа, постојат и повеќедневни настани на кои покрај храна и вода, организаторот обезбедува сместување и логистика меѓу етапите. Најпозната таква трка е Marathon des Sables низ пустината Сахара во Мароко која се одржува од 1986 година.

Во планинските трки бројот на учесници значително е помал а најчесто и е лимитиран во споредба со градските маратони. Постојат повеќе причини за ова: тесните планински патеки, регулациите во националните паркови (каде што и најчесто се организираат планинските трки), еколошки и безбедносни аспекти. Постојат многу популарни трки меѓу кои најпознати и најелитни се Ultra-Trail du Mont-Blanc во Европа или the Western States Endurance Run во САД со ограничен број на учесници поради огромниот интерес.

Бројот на тркачи во планина расте од година во година, имено во САД во периодот од 2006 – 2012 година се зголемил од 4.5 милиони на повеќе од 6 милиони. Исто така, бројот на организирани трки во планина вртоглаво се зголемува секој година. Само во календарот на Меѓународната Асоцијација за Трчање во Планина (ITRA) има повеќе од дваесетина настани за време на секој викенд од годината http://i-tra.org/page/290/Calendar.html.

При споредбата на предностите на планинското трчање со трчањето по асфалт, тркачите често го издвојуваат смирувачкиот ефект што го има шумската/планинската средина и тоа дека трчањето во природа предизвикува помалку стрес на мускуло-скелетниот систем. Токму оваа преселба на активностите во природа јасно се забележува по драстичното зголемување на бројот на учесници на планинските трки, крос-кантри маратоните, триатлоните и авантуристичките трки во последните пет години низ светот.

Трките во планинско трчање се организираат скоро во секоја држава и на сите континенти. Поради релативно кратката историја на планинското трчање како организиран спорт постојат само неколку етаблирани организациски тела. На пример, во САД the American Trail Running Association е основана во 1996 година да ги претставува сите трки организирани во Америка. Европската International Trail Running Association (ITRA) е основана во 2013, и е признаена од Меѓународната Атлетска Федерација во 2015.

ТРЕКС е полноправен член на ITRA од 2014 година.

000-017   000-080   000-089   000-104   000-105   000-106   070-461   100-101   100-105  , 100-105  , 101   101-400   102-400   1V0-601   1Y0-201   1Z0-051   1Z0-060   1Z0-061   1Z0-144   1z0-434   1Z0-803   1Z0-804   1z0-808   200-101   200-120   200-125  , 200-125  , 200-310   200-355   210-060   210-065   210-260   220-801   220-802   220-901   220-902   2V0-620   2V0-621   2V0-621D   300-070   300-075   300-101   300-115   300-135   3002   300-206   300-208   300-209   300-320   350-001   350-018   350-029   350-030   350-050   350-060   350-080   352-001   400-051   400-101   400-201   500-260   640-692   640-911   640-916   642-732   642-999   700-501   70-177   70-178   70-243   70-246   70-270   70-346   70-347   70-410   70-411   70-412   70-413   70-417   70-461   70-462   70-463   70-480   70-483   70-486   70-487   70-488   70-532   70-533   70-534   70-980   74-678   810-403   9A0-385   9L0-012   9L0-066   ADM-201   AWS-SYSOPS   C_TFIN52_66   c2010-652   c2010-657   CAP   CAS-002   CCA-500   CISM   CISSP   CRISC   EX200   EX300   HP0-S42   ICBB   ICGB   ITILFND   JK0-022   JN0-102   JN0-360   LX0-103   LX0-104   M70-101   MB2-704   MB2-707   MB5-705   MB6-703   N10-006   NS0-157   NSE4   OG0-091   OG0-093   PEGACPBA71V1   PMP   PR000041   SSCP   SY0-401   VCP550