Етички кодекс 2018-03-19T11:20:57+00:00

ЕТИЧКИ КОДЕКС

Ние, членовите на ИТРА, што ја претставуваме заедницата на сите 5 континенти, со цел да ја помагаме главната еволуција на нашиот спорт и да овозможиме развивање на условите потребни за неговата иднина, одлучивме да ги обединиме нашите култури и страсти со цел да ги споделиме нашето наследство, нашите визии за трчање во планина и нашите вредности.

Овие вредности ја водат нашата иницијатива, бидејќи тие се душата на планинското трчање, основна особина која ја делат сите учесници во оваа дисциплина, основна врска каде автентичноста и фер-плејот го заземаат централното место.

Всушност, планинското трчање освен што е еден автентичен настан под отворено небо, без какви било надворешни реквизити, тоа претставува и прекрасен начин да понудиме пристап до нашите региони, нашите патеки, слично како споделување на нашиот „дом“?

Зарем нема подобра мотивација за еден организатор од желбата да им посака топло добредојде на тркачите од целиот свет, да ги покани пријателите за да споделат убави нешта, работи од суштинско значење, каде што страста, веселбата, светската визија и човечките односи се централни?

Со воспоставувањето на овој амбиент, оваа рамка, со користење на едноставни и моќни правила, кон кои сите трчачи природно се однесуваат, можеме да бидеме сигурни дека  вредностите на нашиот спорт и она што не обединува ќе можеме да го пренесеме на следните генерации:

  • Да се ​​надминеш и да ги истражуваш физичките и менталните способности додека си во контакт со убава, а понекогаш и сурова природна околина.
  • Да имаш задоволство при трчањето, без посебен фокус кон стремежот за што подобра изведба, дури и кога тоа не го спречува некој да биде горд на конечниот ранг.
  • Споделување на нечија страст и емоции со други тркачи и волонтери.
  • Да се ​​доживее гордоста да се биде „финишер“.
  • Взаемна помош и поддршка за завршување и споделување на емоциите за преминување на целната линија заедно по неколку часа напор.
  • Да се ​​доживеат весели моменти заедно со сите учесници вклучени во еден настан.
  • Да се ​​доживее солидарност …
  • Да ги слушнеме сведоштвата на големите шампиони за почитување на перформансите на непознати тркачи …

Анализата на овие коментари ги истакнува темелите на непишаната култура, која ги обединува планинските тркачи уште од самиот почеток и која продолжува се развива додека нашата дисциплина доживува постојано зголемување на популарноста.

Ние сакавме да ги формализираме овие принципи во форма на “Меѓународна повелба за планинско трчање” преку дефинирање на основните вредности: целта на оваа иницијатива е да ги споделиме истакнатите точки кои го карактеризираат однесувањето на сите учесници, без разлика дали се тркачи, организатори, партнери, волонтери, жители или оние кои се одговорни за териториите и регионите кои се домаќини на патеките.

Да се ​​почитуваат, промовираат и имплементираат овие идеали е доказ за посветеност во корист на спортот кој се доживува како човечка авантура, можност за самоисполнување и споделување.

Оваа Повелба во никој случај не е повик за униформност, ниту за стандардизација. Се остава на секој поединец слободно да ја изрази својата приврзаност кон духот што води по патека според нивните култури и сензибилитети.

Автентичноста е првата вредност на планинското трчање. Во неговиот зачеток, планинското трчање тргнало од мотивите на тркачи да го практикуваат својот спорт во контакт со природната околина, за да ја доживеат нејзината целосна убавина и да стекнат чист развој во средина која бара многу енергија од телото и дух. Планинското трчање е автентичен спорт, бидејќи создава конфронтација меѓу учесникот и нечепнатата природна средина како извор на инспирација, себенадминување, но исто така и хармонија.

Како општествена активност, планинското трчање промовира човечки односи врз основа на едноставност, веселост, споделување и почитување на разликите. Заедницата ги смета овие автентични вредности исто толку важни колку и перформансот и конкурентноста.

Во практикувањето на планинското трчање, активност под отворено небо, понизноста е важна особина која е потребно да се негува како кон природата, така и кон себеси.

Во природната околина, понизноста се заснова на земањето предвид на можните природни непогоди, без оглед на релевантноста и квалитетот на мерките преземени од организацијата на трката за да се осигури безбедноста на учесниците. Понизноста, пред лицето на природата, претпоставува способност да се покаже претпазливост па дури и да се откаже трката или предвидениот проект.

За секој поединец, понизноста се темели на свеста и на познавањето на своите граници.

Како вид на однесување, понизноста е неразделна особина од слушањето и учењето за подобро разбирање на принципите кои ја регулираат природните средина или основите на практикување на интензивен спорт во вакви услови.

Фер-плејот укажува на лојално прифаќање на правилата, не само писмено, туку и во духот врз кој се заснова нивната дефиниција.

За тркачите, да се биде фер играч значи почитување на регулативите на трката, да не се мами, да не се кршат правилата, одбивајќи ги сите форми на допинг; но исто така и прифаќање на сите човечки вредности низ сите раси; взаемна помош и солидарност со другите тркачи, почитување на сите учесници присутни на трките.

За организаторите, фер-плејот подразбира имплементација на неопходните средства за борба против „… мамење, кршење на правилата, допинг, … физичко и вербално насилство … експлоатација, нееднакви можности, прекумерна комерцијализација и корупција“ (извадок од Европскиот Кодекс на Спортска Етика).

Оваа особина е во трагањето по рамнотежа во правдата, базирана на непристрасност и еднакви можности од кои секој тркач треба да има корист.

Трките во планинско трчање се отворени за сите тркачи. Прописите се замислени така што тие подеднакво се однесуваат на сите засегнати страни. Сите спортисти подлежат на исти услови и ги имаат истите права и истите должности. Мерките што се преземаат за eлитните спортисти, во никој случај не смеат да го попречуваат учеството на другите тркачи.

Одговорност на организаторите е да го гарантираат овој принцип на еднаквост, да ги извршат неопходните проверки и да им овозможат на сите учесници најдобри услови за трка.

Принципот на почит ја опфаќа почитта кон другите, самопочит и почитување на животната средина.

Почит кон другите

Да ги почитуваме другите, е да ги разбереме и прифатиме нивните разлики и да дејствуваме на таков начин што нема да им попречиме. Се подразбира дека трката се одвива во околина која има своја култура и традиција; последователно се усвојува потребното “знаење и разбирање” со цел да се почитува локалното население, неговата култура и неговите обичаи.

Секој тркач, исто така, се согласува да ги почитува сите луѓе кои се среќаваат во текот на патеката (други трчачи, туристи, итн.).

Секој тркач се согласува да ги знае и почитува прописите на трката во која тие избраа да учествуваат.

Самопочит

Практикувањето на планинското трчање може да повлече ризици, а потрагата по перформанси во никој случај не се оправдува доколку истото, долгорочно, носи нарушувањето на вашето здравје.

Секој тркач треба да биде особено внимателен за да не презема никакви допинг средства и да не се злоупотребуваат одредени лекарства. Тркачите мора да се погрижат да не ги надминуваат нивните граници до степен кои би влијаел врз нивниот физички или морален интегритет.

Почитување на животната средина

Трките се одржуваат во кревки природни средини. Сите учесници кои се вклучени во планинските трки, тркачи, организатори, партнери, придружни лица се обврзуваат да ја заштитат природната рамнотежа.

Организаторите на трки во планинско трчање мора да направат се што е во нивни домен за да го намалат негативното влијание врз природата кое може да произлезе од трчањето на нивните трки. Тие се обврзуваат, преку размена на информации и вложување напори за едукација, да придонесат кон зголемување на свеста за кревкоста на природната околина.

Секој организатор ќе ги идентификува еколошките ризици предизвикани од нивниот настан и ќе предложи конкретни активности за намалување на ризиците на минимум. Тие ќе го поттикнат користењето на јавниот превоз или споделување на автомобилите и ќе го ограничат, колку што можат, употребата на други моторизирани средства.

Секој тркач се обврзува да прифати најодговорно однесување со цел да го минимизира неговото влијание врз теренот низ кој поминува.

Заедно, планинските тркачи потребно е да делуваат како амбасадори за промоција и зачувување на природните средини.

Солидарноста е вредност што ја практикуваат и споделуваат жителите во срцето на планинските региони, места кои лесно може да станат непријателски и тешки за живот. Следствено, луѓето треба да си помагаат едни со други за да напредуваат или едноставно да преживеат. Во името на принципот на солидарност, секој натпреварувач во полето на планинското трчање се бара да даде приоритет на оддавањето на итна помош на некој кој е во опасност или искусува тешкотии каде и да се, и во која било околност.

На глобален начин, учесниците во планинското трчање честопати покажуваат солидарност со тоа што се вклучуваат во еколошки, социјални или општествени активности или преку помагање на обесправените. Организаторите на планински трки го спроведуваат овој принцип на одговорност со директно подржување на добротворни акции и одржлив развој, голем број на спортисти „трчаат за некоја причина“ за поддршка на проекти по свој избор итн.

ПРОГРАМА
ПРАВИЛА
ИЗЈАВА ЗА ОДГОВОРНОСТ
ВОДИЧ ЗА ТРКАЧИ

000-017   000-080   000-089   000-104   000-105   000-106   070-461   100-101   100-105  , 100-105  , 101   101-400   102-400   1V0-601   1Y0-201   1Z0-051   1Z0-060   1Z0-061   1Z0-144   1z0-434   1Z0-803   1Z0-804   1z0-808   200-101   200-120   200-125  , 200-125  , 200-310   200-355   210-060   210-065   210-260   220-801   220-802   220-901   220-902   2V0-620   2V0-621   2V0-621D   300-070   300-075   300-101   300-115   300-135   3002   300-206   300-208   300-209   300-320   350-001   350-018   350-029   350-030   350-050   350-060   350-080   352-001   400-051   400-101   400-201   500-260   640-692   640-911   640-916   642-732   642-999   700-501   70-177   70-178   70-243   70-246   70-270   70-346   70-347   70-410   70-411   70-412   70-413   70-417   70-461   70-462   70-463   70-480   70-483   70-486   70-487   70-488   70-532   70-533   70-534   70-980   74-678   810-403   9A0-385   9L0-012   9L0-066   ADM-201   AWS-SYSOPS   C_TFIN52_66   c2010-652   c2010-657   CAP   CAS-002   CCA-500   CISM   CISSP   CRISC   EX200   EX300   HP0-S42   ICBB   ICGB   ITILFND   JK0-022   JN0-102   JN0-360   LX0-103   LX0-104   M70-101   MB2-704   MB2-707   MB5-705   MB6-703   N10-006   NS0-157   NSE4   OG0-091   OG0-093   PEGACPBA71V1   PMP   PR000041   SSCP   SY0-401   VCP550