31.03.2024

Брифинг за трката

Најбитните информации што треба да ги знаете пред стартот на Водно-Матка Треилс 2023

Здраво дечки, ви благодариме што се пријавивте на Водно-Матка Треилс и што ќе ја зграпчите оваа уникатна можност да доживеете незаборавно искуство под отворено небо!

Ви посакуваме добредојде на 6тото издание на Водно-Матка во организација на здружението ТРЕКС Скопје поддржано од нашите главни партнери Polish Aid, Натусана / Алга Сан, Скаут Аутдор Шоп, Виталиа и Пивара Скопје.

Како и досега, центарот на трката - стартот и целта ќе биде на Средно Водно, во комплексот на Црвен Крст - даре Бомбол ЛОКАЦИЈА НА ГУГЛ МАПА

СТАРТЕН ПАКЕТ

Подигнувањето на стартниот број и пакет ќе се врши во СКАУТ АУТДОР ШОП (локација на Гугл мапа):
Петок 31.03. - 16:00 > 20:00
Сабота 01.04. - 10:00 > 18:00

Доколку не си во можност лично да го подигнеш стартниот пакет во предвидените термини - дозволено е трето лице да го подигне за тебе, но мора да ни пишеш на vodnomatka@gmail.com претходно со име и презиме на тој/таа што ќе го подигне за тебе.

На денот на трката - пред самиот старт на Средно Водно - стартниот пакет ќе може да го подигнат само натпреварувачи кои НЕ живеат во Скопје. Информирај не' однапред на vodnomatka@gmail.com!

СТАРТОВИ 02.04.2023

07:00 ВОДНО-МАТКА ТРЕИЛ МАРАТОН 40КМ

08:00 ВОДНО ТРЕИЛ 27КМ

09:00 ВОДНО ИЗИ РАН 10КМ

ПАРКИНГ

Ако доаѓате со автомобил на Средно Водно, паркингот се наплаќа и тоа преку СМС со мобилен телефон и тоа ќе ве чини најмногу 375 денари за цел ден (од 9-16 часот се наплаќа).

Од друга страна, автобус на ЈСП број 25 тргнува од центарот на градот до Средно Водно и е бесплатен.

Исто така, такси од центарот на градот чини скоро колку и паркинг цел ден.

МАРКАЦИЈА И ОПИС НА МАРШРУТИТЕ

Трките се маркирани со црвени знаменца на секои 50-100 метри а на клучни места освен насочувачи има и црвени патокази со стрелки. Каде што има делови со асфалт и трим патеката тие ќе бидат маркирани со ПВЦ лента. 

Внимателно проучете ги патеките и симнете ги гпс фајловите на вашиот спортски часовник и во соодветна апликација на мобилен телефон.

Трите трки скоро 90% се одвиваат по козји патеки, вистинско уживање за љубителите на трејлот, и стартуваат од Средно Водно, и по трим патеката водат кон Врв Водно (Крстовар 1,066). Потоа по спуштањето од врвот, на м.в. пензионерска колиба маршрутите се двојат - тркачите на 27КМ и 40 КМ вртат лево и направо, а тркачите на 10КМ десно и надолу!

Оттаму само тркачите на 27КМ и 40КМ трчаат по сртот на ВОдно кон врв КАЛЕ, каде што има ново двоење - тие на 27КМ во лево и надолу кон Св.ПЕТКА, а тие на 40КМ право и надолу стрмно кон МАТКА!

Учесниците на 40КМ трка во Матка ја вртат т.н. пеперутка преку кајакарски мост, св.Андреа, Св.Недела, Св.Спас и пак преку мостот угоре кон Шишевски манастир и селото Св.Петка!

Од селото Св.Петка, тркачите на 27КМ и 40КМ продолжуваат кон манастирот Пантелејмон во Горно Нерези и оттаму се искачуваат пак до т.н. пензионерска колиба.

Оттаму, исто како и тркачите на 10КМ утрината, сите по истата патека преку Детското одмаралиште па малце угорнина по асфалтот, спуштааат по стрмна козја патека кон целта на Средно Водно. На целта ќе ве чека освежителна станица и топол оброк - посна чорба.

МЕТЕО ПРОГНОЗА

Отсега гледано, ќе ја испратиме баба Марта во благи зимски услови односно метеролошките услови за време на трката во недела на 02.04. ќе бидат нестабилни, со умерен ветер и температурен опсег на 1,000 мнв од 1°C - 9°C. Претежно облачно во текот на целиот ден со изгледни шанси за дожд по 12 часот. Следете го линкот долу за апдејт.

https://www.meteoblue.com/en/weather/week/krstovar_north-macedonia_12060453 

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА

- (само за трката 40KM): ранец за трчање/појас и бидон, мешина или шише за вода со волумен од најмалку литар течност. (Но истото и за другите должини силно го препорачуваме).

- стартен број (А5 големина) кој мора да биде видливо закачен напред на облеката (телото) во текот на целата трка (обезбеден од организаторот)

- астрофолија

- јакна-ветровка

- мобилен телефон со полна батерија

- силиконска чашка, бидон или шише кое може да се користи како сад за течности на освежителните станици (тркачите на 40КМ и 27КМ ќе добијат подарок баш таква силиконска чашка). Нема да има пластични/хартиени чаши за еднократна употреба на освежителните станици и на целта.

ВНИМАНИЕ: многу препорачуваме да се носи облека за трчање за зимски услови, односно ветровката да се замени со јакна за дожд и да се носи маица со долги ракави, елек, хеланки а ако случајно трчате по кратки обавезно со ногавици до колена!

МОЛБА: Ѓубрето по џебовите и ранците не дозволувајте да ви паѓа по патеките! Фрлајте го само на освежителни станици или носете го до целта.

БЕЗБЕДНОСТ

За ваша безбедност на терен ќе се грижи мобилна екипа од Планинско спасителна служба при Црвен Крст Скопје и тим од ПСС Асклепиј Скопје, како и статични екипи со доктори на стартот/целта и на Матка. Но, во духот на спортскиот фер-плеј должни сте на секому кој би имал потреба веднаш да му помогнете и да останете со него/неа додека спасителите не пристигнат.

Мерењето на времето на стартот/целта ќе биде електронски со чипови (залепени на стартниот број) а на контролните точки преку мобилна апликација така што не заборавајте на волонтерите гласно да им го кажете вашиот број односно јасно да им го покажете доколку ви е покриен со ветровката која мора задолжително да ја имате со себе.

Меморирајте го бројот на организаторот 071 246 423 во вашите телефони во случај на несреќа, губење или откажување веднаш јавете се за да не ве бараме залудно и наводно. На секое ќоше од трките има пристојна мрежна покриеност.

РЕЗУЛТАТИ

Резултатите се достапни на следниот линк https://vmtm.ultratrail.mk  најдете се во списокот, проверете дали ви се точни податоците.

Прогласување на победници ќе биде во 14:00 часот а настанот се затвора во 18:00 часот. И не заборавајте, натпреварувајте се во рамките на своите психо-физички можности и забавувајте се.

Спонзори / Sponsors

Соработници / Collaborators

closealign-left linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram